Едвард Хенрик Ларсон (роден на 20 септември 1971 година, во Хелсингборг) — шведски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, напаѓач.

Својте почетоци Ларсон ги направил во својата родна Шведска, каде играл за Хегаборг и Хелсингборг, пред во 1993 година да потпише за холандскиот клуб . Во 1997 година, тој дошол во , каде неговата кариера го доживеала својот врв. Во седумте години (1997-2004) колку што останал во Шкотска, тој одиграл 313 натпревари и постигнал 242 гола, освојувајќи 4 титули во шкотското првенство, и по два Купа и Лига купа на земјата, а играл и во финалето на Купот на УЕФА во 2003 година загубено со 2-3 од Порто по продоложенија. Моментално, тој е најдобар стрелец на шкотскиот клуб во европските натпреварувања со 35 гола. Во периодот помеѓу 2004 и 2006 година играл за , освојувајќи ја Лигата на шампионите како протагонист. Во 2006 година се вратил во Хелсингборг каде и ја завршил кариерата, играјќи во меѓувреме кратко на позајмица во со кој ја освоил Премиер лигата.

Ларсон бил репрезентативец и капитен на Шведска, со која настапил на три Светски ​​и три Европски првенства, освојувајќи бронзен медал на Светското првенство 1994 во САД. Својата репрезентативна кариера ја завршил со 37 гола во 106 натпревари. Тој, исто така, ја освоил наградата „Guldbollen“, за најдобар шведски фудбалер на годината, и тоа двапати, во 1998 и во 2004 година. Во 2003 година, за време на јубилејот на УЕФА бил прогласен за најдобар шведски фудбалер во последните 50 години.

Во 2010 година, Ларсон ја започна својата кариера како тренер во екипата на Ландскрона, каде што останал три сезони. Подоцна раководел со Фалкенберг, а во 2015 го презел Хелсингборг, каде неговиот син, Џордан бил еден од неговите играчи. Откако Хелсингборг испаднал во второто ниво во 2016 година, Ларсон го напуштил клубот. Три години подоцна, тој накратко се вратил во истата улога во клубот. Во периодот од август 2020 година до октомври 2021 година, тој бил асистент на Роналд Куман во Барселона.

Биографија Едвард Хенрик Ларсон е роден на 20 септември 1971 година во Хелсингборг, Сканија. Неговиот татко, Франсиско Да Роча, е од Зеленортските Острови, а неговата мајка Ева Ларсон е швеѓанка. Неговите родители, кои никогаш не се венчале и се разделиле кога имал 12 години, одлучиле тој да го земе презимето на мајка му бидејќи сметале дека ќе му го олесни животот на нивниот син да биде полесно прифатен во Шведска. Тој му дал заслуга за неговата љубов кон фудбалот на својот татко, кој му подарил фудбалска топка кога имал само 16 месеци.

Од почетокот на неговата кариера до 2001 година, тој имал фризура составена од долги руси суканици (дури и на СП 1994 во САД). После тоа, секогаш главата му била избричена.

На 21 јуни 1996 година, Ларсон се оженил со Магдалена Спјут, која ја запознал во ресторан кога имал 19 години. Таа е ќерка на политичар и директор за образование во локалната општина. Тие имаат две деца: синот Џордан (роден во 1997), професионален фудбалер, и ќерката Џанел (родена во 2002).

Технички карактеристики Централен напаѓач физички многу силен и со исклучителна техника, Ларсон бил класичен играч на теренот кој напаѓал простори. Вешт со двете нозе и надарен со моќен и прецизен шут, и покрај тоа што не бил многу висок, тој исто така се покажал како играч кој има одличен удар со глава. Во текот на неговата кариера, покрај одличното чувство за голови, тој се истакнал и со давање асистенции за соиграчите.

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 24 мај 2025. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1989 Хегаборг Д3 21 1 КШ - - - - - - - - 21 1 1990 Д3 21 7 КШ - - - - - - - - 21 7 1991 Д3 22 15 КШ - - - - - - - - 22 15 1992 Хелсингборг Д1 31 34 КШ - - - - - - - - 31 34 1993 А 25 16 КШ 5 1 - - - - - - 30 17 1993-1994 Фејенорд Е 15 1 КХ 12 5 - - - - - - 27 6 1994-1995 Е 23 8 КХ 9 1 КПК 6 7 - - - 38 16 1995-1996 Е 32 10 КХ 4 1 КПК 7 1 - - - 43 12 1996-1997 Е 31 7 КХ 4 0 КУ 6 1 - - - 41 8 Вкупно Фејенорд 101 26 29 7 19 9 149 42 1997-1998 Селтик ШПЛ 35 16 КШ+ЛКШ 4+5 0+3 КУ 4 0 - - - 48 19 1998-1999 ШПЛ 35 29 КШ+ЛКШ 5+0 5+0 ЛШ+КУ 4+4 1+3 - - - 48 38 1999-2000 ШПЛ 9 7 КШ+ЛКШ 0+0 0+0 КУ 4 5 - - - 13 12 2000-2001 ШПЛ 37 35 КШ+ЛКШ 6+2 9+5 КУ 5 4 - - - 50 53 2001-2002 ШПЛ 33 29 КШ+ЛКШ 3+1 2+0 ЛШ+КУ 8+2 3+1 - - - 47 35 2002-2003 ШПЛ 35 28 КШ+ЛКШ 2+2 2+2 ЛШ+КУ 2+10 1+11 - - - 51 44 2003-2004 ШПЛ 37 30 КШ+ЛКШ 5+1 5+0 ЛШ+КУ 9+6 3+3 - - - 58 41 Вкупно Селтик 221 174 36 33 58 35 315 242 2004-2005 Барселона ПД 12 3 КШ 0 0 ЛШ 4 1 - - - 16 4 2005-2006 ПД 28 10 КШ 4 4 ЛШ 10 1 - - - 42 15 Вкупно Барселона 40 13 4 4 14 2 58 19 2006 Хелсингборг А 15 8 КШ 5 4 - - - - - - 20 12 јан.-мар. 2007 Манчестер Јунајтед ПЛ 7 1 ФАКуп+ЛК 4+0 1+0 ЛШ 2 1 - - - 13 3 2007 Хелсингборг А 22 9 КШ 1 0 КУ 11 9 - - - 32 18 2008 А 27 15 КШ 1 0 - - - - - - 30 15 2009 А 20 7 КШ 1 0 ЛЕ 4 3 - - - 25 10 Вкупно Хелсингборг 140 89 13 5 15 12 168 106 сеп. 2012 Роо Д3 1 0 - - - - - - - - - 1 0 јун. 2013 Хегаборг Д2 1 0 - - - - - - - - - 1 0 Вкупно Хегаборг 65 23 65 23 Вкупно во кариерата 575 326 86 50 108 59 769 435

Репрезентативна статистика

РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Шведска19932119941451995601996611997201998711999922000822001109200283200310200498200552200662200700200891200940Вкупно10637

Хет-трикови Хет-триковиДатаМестоЕкипаПротивникГоловиРезултатНатпреварувањеИзвештај1 05/07/1992 Олимпија, Хелсингборг 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 4 - 3 Интертото куп 1992 Извештај2 06/10/1992 Ерјанс Вал, Халмштад 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 6 - 0 Квал. за ЕП под 21 година 1994 Извештај3 03/11/1994 Везер, Бремен 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 3 - 4 Куп на победниците на куповите 1994-1995 Извештај

Титули

Клупски Фејенорд Куп на Холандија : 2 1993-1994, 1994-1995

Селтик Премиер лига на Шкотска : 4 1997-1998, 2000-2001, 2001-2002, 2003-2004 Куп на Шкотска : 2 2000-2001, 2003-2004 Лига куп на Шкотска : 2 1997-1998, 2000-2001

Барселона Примера Дивисион : 2 2004-2005, 2005-2006 Суперкуп на Шпанија : 1 2005 Лига на шампиони : 1 2005-2006

Хелсингборг Куп на Шведска : 1 2006

Манчестер Јунајтед Премиер лига : 1 2006-2007

Поединечни Шведски фудбалер на годината: 1998, 2006 Најдобар стрелец во шкотското првенство: 5 1998-1999 (29 гола), 2000-2001 (35 гола), 2001-2002 (29 гола), 2002-2003 (28 гола), 2003-2004 (30 гола) Златна копачка: 1 2001 УЕФА Златен играч: 2003 Идеален тим на Европско првенство: 1 2004

Наводи

Надворешни врски

Хенрик Ларсон на soccerway Хенрик Ларсон на transfermarkt Хенрик Ларсон на espn Хенрик Ларсон на whoscored

Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Шведски фудбалски тренери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Членови на Редот на Британската Империја Категорија:Фудбалери на ФК Фејенорд Категорија:Фудбалери на ФК Селтик Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1994 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2002 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1971 година