За други лица со истото име и презиме, видете Ѓорѓи Крстевски.
Ѓорѓи Трипунов Крстевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото, а потоа се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Скопје стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која заминал на Косово и учествувал во уништувањето на одметнатите балистички банди. По успешното завршување на оваа задача заминал за Срем, каде се борел во завршните операции против непријателот на Југославија. Со Бригадата учествувал во пробивот на силно утврдените германски положби кај Шид - Товарник. Во борбите за ослободување на Сремска Митровица во април 1945 година, загинал на бојното поле.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ