Делменхорст (; ) — слободен град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Има население од 77.000 жители и се наоѓа 10 километри западно до градот Бремен со кој создава непрекината урбана област, додека градот Олденбург се наоѓа 25 километри северозападно. Припаѓа на метрополитенската област Северозапад.
Географија Местоположба
мини|150п|лево|Административна поделба на Делменхорст
Делменхорст се граничи на запад со Бремен и се наоѓа на околу 35 километри југоисточно од Олденбург. Низ градот тече реката Делме и на исток и североисток се граничи со потоците Клостербах, Фарелер Беке и Охтум.
Градски единици
Делменхорст благодарение на силната индустријализација и стопанскиот подем, на 1 мај 1903 година станал „град од прва класа“, односно слободен град. Во тоа време градот бил составен од единиците Дистернорт, Шафковен и Хаспорт. Делменхорст се пртегал во 1910 година на површина од 19,56 км². Во 1933 година се припоиле денешните градски единици Аненхајде, Аненриде, Бунгерхоф, Ипрумп и Штикграс. За градот постоеле повеќе можности да се проширува во површина. Повеќе нови населби биле подигнати по војната за да се обезбеди станбени единици за бегалците од поранешните германски територии. Во 1974 година, Хасберген се припоил со долносаксонската административна реформа кон Делменхорст и со тоа градот ја добил денешната површина од 62,36 км².
Градот Делменхорст за статистички цели е поделен на десет градски единици:
Службен број Име на единицата Жители(2010) Места и четвртиво рамки на единицата 1 Мите 7.791 Мите/Норд, Мите/Вест, Банхофштрасе, Мите/Ост, Викхорн 2 Дајхорст 10.755 Тиргартен, Ланге Ванд, Каспари 3 Двоберг/Штреен 8.327 Штреен Норд, Лесингштрасе, Ханзафиртел 4 Бунгерхоф 6.915 Дајхаузен, Нојендел, Хасберген, Шенеморер Штрасе, Дајхојзер Хајде 5 Шафковен/Донереш 10.058 Шохасберген, Нордволе, Тапенорт 6 Ипрумп/Штикграс 5.516 Емсхоп, Бремер Штрасе 7 Штикграс/Аненриде 10.621 Штефанусштрасе, Тифес Мор, Ан дер Риде Норд, Ан дер Риде Зид, Хаспорт 8 Хаспорт/Аненхајде 4.144 Хаспортзе, Аненхајде Вест, Аненхајде Ост 9 Дистернорт 7.632 Штадион, Дистернорт Зид 0 Брендел/Аделхајде 5.415 –
Местата и четвртите во рамки на единицата имаат само административен карактер и не се наоѓаат во секојдневниот говор на жителите. Од страна на жителите се користат имињата Албертусхоф, Брандхефен, Брикенеш, Хајдкруг, Хулен, Моркамп, Зандхаузен, Шлутер, Танен, Вестерфелд, како и проблематичниот четврт Волепарк.
Историја
мини|300п|десно|Делменхорст во 1647 година мини|300п|десно|Релјеф од замокот на Бургинзел
Делменхорст бил првпат споменат во документ во 1254 година, откако грофот Отон I од Олденбург, купил имот близу реката Делме во 1234 година. На новосоздената населба бил подигнат замок околу 1247 година. Следниот гроф, Отон II, го направил замокот негова резиденција; Делменхорст бил прогласен за слободен град на 15 јули 1371 година.
По краток период на управа од епископот на Бремен од 1421 до 1436 година, Делменхорст се вратил под управа на Олденбург. Делменхорст подоцна станал злогласен под водство на грофот Герхард VI. Неговото владеење завршило во 1482 година благодарение на опсадата на замокот под водство на епископот на Минстер. Потоа, градот бил управа на Минстер, додека грофот Антон I не го освоил повторно градот, како и замокот во 1547 година.
Кога последниот наследник на Антон, Кристијан, починал во 1647 година, Делменхорст повторно потпаднал под управа на Олденбург. Бидејќи самиот Олденбург припаднал на данските кралеви и регентот на Олденбург бил роднина на данскиот крал, Делменхорст бил под данска контрола.
Во 1767 година, Делменхорст бил купен од царицата Катарина II, но бил предаден на Олденбург во 1773 година. Во 1777 година, Делменхорст бил прогласен за војводство на Олденбург. Во 1806 година, француската и холандската војска ја окупирале територијата; Делменхорст бил дел од Француското Царство на Наполеон од 1811 до 1813 година.
Во индустриското доба, Делменхорст доживеал голем стопански подем, благодарение на Бремен. Бидејќи Бремен бил во различна царинска зона, трговците кои сакале да извезуваат произведени добра надвор од Бремен морале да плаќаат високи царински такси. Затоа, тие единствено ги извезувале ресурсите и ги произведувале нивните производи во околните села.
Во 1903 година, Делменхорст станал слободен град, што значело дека има своја управа и не припаѓал на ниеден друг округ. Во 1930-тите години, Големата депресија го погодила градот, но сепак растел, вклучувајќи неколку помали села околу него. На Кристалната ноќ во ноември 1938 година, синагогата била запалена од нацистите, кои дошле во Германија во 1933 година. По Втората светска војна, Делменхорст бил во британската окупациска зона и морал да се справува со илјадници бегалци од Источна Германија, која сега била окупирана од СССР. Градоначалник поставен од Британеците во текот на британската окупација бил мајор Џек Волф. Во 1950 година во градот живееле повеќе од 57.000 жители.
Од 1960-тите години имало постојан пад во вработеноста, оставајќи повеќе од 13% од граѓаните невработени и скоро 7% да живеат на социјална помош. Во 2000 година, Делменхорст бил дел од хановерскиот Експо 2000.
Политика Градски совет
мини|300п|десно|Проблематичниот четврт „Волепарк“
Градскиот совет се состои од 44 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 75.001 и 100.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 10. Januar 2014. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
Партии и листи Удел Места SPD Социјалдемократска партија31,6%14 CDU Демохристијански сојуз23,4%10 AfD Алтернатива за Германија15,2%7 Зелени Сојуз 90/Зелени7,2%3 FDP Слободна демократска партија7,4%3 UAD Неопределени Делменхорст5,0%2 Linke Левица4,0%2 Bürgerforum Граѓански форум3,2%1 Piraten Пиратска партија1,9%1 FW Слободни гласачи1,2%1 Вкупно 100% 44 Излезност: 44,8%
Излезноста на гласачите на општинските избори во 2016 година била 44,8%.
Градоначалник
На последните избори за градоначалник на 25 мај 2014 година победил Аксел Јанц (SPD).
Список на претходни градоначалници биле:
Вилхелм Милер: 1933–1937 Херман Мас: 1937–1945 Валтер Клајне: 1945–1945 Јохан Шмит: 1945–1946 Вилхелм фон дер Хајде: 1946–1955 Антон Ајкмајер: 1955–1955 Ханс Алберс: 1955–1956 Вилхелм фон дер Хајде: 1956–1968 Ернст Екерт: 1968–1974 Харалд Грот: 1974–1976 Ото Јенцок: 1976–1984 Валтер Леве: 1984–1986 Ервин Пелка: 1986–1986 Јирген Телке: 1986–2001 Карстен Шветман: 2001–2006 Патрик де Ла Лане: 2006–2014 Аксел Јанц: 2014-денес
Збратимени градови
Делменхорст е збратимен со следниве градови:
Алон, Франција (од 1976 г.) Борисоглебск, Русија (од 1994 г.) Еберсвалде, Германија (од 1990 г.) Колдинг, Данска (од 1979 г.) Лублин, Полска (од 1992 г.)
Главни знаменитости
Знаменитост на градот е комплексот на водокулата близу Градското собрание, изградено од 1910 до 1914 година од архитектот Хајнц Штофреген.
Друго интересно место е Бургинзел (Островот Замок), на кој се наоѓал стар замок во средниот век. Градбата била срушена во текот на век, а денес таму постои парк наречен Графт.
Индустриската историја на градот е прикажана во музејот „Нордволе“.
Познати луѓе
Артур Фитгер (1840–1909) ― сликар Иван Блох (1872–1922) ― лекар и сексолог Фриц Штукенберг (1881–1944) ―,сликар Рајнхард Курецки (р. 1947) ― спортист Волфганг Михелс (1951–2017) ― музичар, пејач и композитор Фолкер Викер (р. 1954) ― генерален инспектор во Бундесверот Герд Ауфарт (р. 1964) ― офталмолог и професор Клаудија Кемферт (р. 1968) ― економист Тим Фишер (р. 1973) ― композитор Ернст-Маркус Томас (р. 1973) ― телевиски водител
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Безокружни градови во Долна Саксонија