Цветко Ников Димитровски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис По завршување на основното училиште имал желба да го продолжи образованието но, материјалните услови не му го овозможиле тоа. Затоа изучил занает и работел како кондураџија. По ослободувањето на Скопје, на 15 ноември 1944 година стапил во прославената Третта македонска ударна бригада. Со неа минал повеќе места во Македонија и јужна Србија, учествувајќи во разбивање на заостанатите балистички банди. Со Бригадата заминал во Земун, каде во тек на три месеци посетувал воено-политичка настава. Таму се истакнал со својата совесност и упорност. Потоа учествувал во пробивот на Сремскиот фронт, кога единиците на Југословнската Армија незадржливо започнале да напредуваат, тој загинал во една од жестоките борби на Срем.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ