Стојмен Јорданов Тасевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Израснал во сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година стапил во борбените редови на Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во бројни борби и дејствија против непријателот. Учествувал и во жестоката битка против балистите и Германците во реонот на Треска. На 13 ноември 1944 година, со бригадата успешно се пробил кон Скопје. Храбро загинал во уличните борби водени за ослободувањето на идниот главен град на ДФ Македонија.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје