Челевечка Река ― лева притока во средниот тек на реката Вардар, која тече низ Демиркаписката Клисура. Реката тече низ селата Иберли и Челевец и е со должина од околу 8 километри.
Географија
Реката е сместена во средниот тек на Вардар. Пред вливот во Вардар, таа поминува низ карпи високи 220 метри, кои се дел од венецот Краставец. Таму, десниот брег е создаден поради ридот Камен, додека на ридот на левиот брег се наоѓа историскиот средновековен град Просек.
Околина
Просторот на долниот дел на реката е посетено место и се користи за качување на Демиркаписката Клисура. Во 2020 година, Општина Демир Капија го уредила просторот со патеки и поставување дрвени мовчиња на реката.
Галерија
Венецот Краставец
Текот на реката
Поврзано Вардар Иберли Челевец Просек
Наводи
Категорија:Челевец Категорија:Иберли Категорија:Притоки на Вардар