Крис Балдо (роден Кристијан Балдауф; 24 јуни 1943 - 24 јануари 1995) ― луксембуршки пејач. Тој е роден од мајка Французинка, а татко Луксембурец, во Луксембург.https://www.imdb.com/name/nm1507576/bio?ref_=nm_ql_dyk_1
На 16-годишна возраст, тој снимил албум како дуо со еден пријател, наречен „The Youngsters“. Учествувал на полскиот фестивал Сопот во 1967 година. Во 1968 година тој го претставувал Луксембург, на Евровизија 1968, во дует со француско-алжирската пејачка Софи Гарел, со песната „Nous vivrons d'amour“, пласирајќи се на единаесеттото од седумнаесетте со пет поени. Тој исто така бил водител на емисијата на RTL, „Les Nocturnes“, ноќно емитување на музика од САД, пред да му ја предаде на Жорж Ланг.
Наводи
Категорија:Починати во 1995 година Категорија:Родени во 1943 година Категорија:Претставници за песна на Евровизија од Луксембург Категорија:Луксембуршки пејаци