„Бугарски македонски песни, оригинални и во народен тон во 2 или 3 гласа за еднороден или мешан хор“ () — антологија песни составена од македонскиот композитор Јосиф Чешмеџиев, и издадена во Софија, 1926 г.„Јосиф Чешмеџиев, Македонски народни песни“, проф. д-р Марко Китевски, Камелеон, 2009 г., Скопје„Јосиф Чешмеџиев, Македонски народни песни“, проф. д-р Марко Китевски, Гирланда, 2017 г., Скопје
Мотиви Во периодот додека пишувал за списанието „Устрем“, сфаќајќи го значењето на запишувањето, зачувувањето и популаризирањето на сопствената песна, „Сојузот на македонските младински културно-просветни организации“ во Бугарија, носи решение да се публикува зборник со македонски песни. Таа задача му ја доверува на Чешмеџиев кој веќе се занимавал со собирање на македонски народни песни. Тој морал да собере, одбере и да ги разработи песните кои ќе влезат во зборникот. Во предговорот кон збирката, Чешмеџиев соопштува неколку податоци што се однесуваат кон важни прашања од неговата собирачка дејност, имено, тој нагласува:
мини|лево|250п|I том од збирките со македонски песни.
Содржина Според напишаното, во оваа збирка Чешмеџиев објавил само мал ден од своите записи. Исправен пред огромниот фонд запишани фолклорни материјали, и желбата тие да се обработат и објават, тој искажал оптимизам дека тоа ќе го оствари во повеќе изданија што тој ги нарекува „низи“. Оваа збирка содржи вкупно 48 македонски народни песни, сите во музичка обработка на Чешмеџиев. Има љубовни и обредни (лазарски, василичарски, свадбени песни), но и митолошки, хумористично-сатирични и други песни. Забележително е дека некои од песните се авторски, на пример, под две песни е потпишан Н. Џеров, под една Александар Попорушев итн. Под повеќе песни се потпишани се и информаторите, на пример, М. Антонова од Охрид, која на запишувачот му испеала повеќе песни, а има и малешевски, велешки, скопски, струмички, дебарски, струшки и штипски песни, како и песни од Виница, Петрич, с. Долни Орман, Неврокоп, с. Елешница, Демир-Хисар, с. Џерменци, с. Лешко, Горна Џумаја итн.
За македонската фолклористика посебно е значаен и често е цитиран предговорот на оваа книга во кој Чешмеџиев искажува некои мисли за високите вредности на македонските народни песни и фолклор:
Наводи
Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Зборници Категорија:Стихозбирки на Јосиф Чешмеџиев