мини|Приказни по телефон корица на книгата „Приказни по телефон“ (италијански: Favole al telefono) — книга за деца на италијанскиот писател Џани Родари од 1962 година.
Содржина Книгата содржи 34 раскази:Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993. „Си бил едно време еден“ „Злосреќниот ловец“ „Дворецот од сладолед“ „Прошетката на еден расеанко“ „Дворец за кршење“ „Земја без острици“ „Земјата со претставката не“ „Дожд од бонбони“ „Вртелешката на Чезантико“ „На плажата во Остија“ „Историја на царството Лапачија“ „Алиса паѓа во морето“ „Војна на камбаните“ „Аполонија Мармаладова“ „Старата тетка Ада“ „Сонцето и облакот“ „Добриот Џилберто“ „Зборот плаче“ „Лакомата треска“ „Во недела наутро“ „Заспивање, разбудување“ „Кристалниот Џакомо“ „Тролејбусот број 75“ „Кучешкото село“ „Бегството на Пулчинела“ „Ѕидарот од Валентина“ „Војничкото ќебе“ „Бунарот на Кашина Пјана“ „Куќи и дворци“ „Учителот Гароне“ „Планетата на вистината“ „Подвижниот тротоар“ „Вселенска кујна“ „Поучни бонбони“
Изданија на македонски јазик Книгата „Приказни по телефон“ доживеала повеќе изданија на македонски јазик: Во 1966 година, таа била објавена од издавачката куќа „Кочо Рацин“, во рамките на библиотеката „Златна клупа“. Изборот на расказите и преводот од бугарски јазик го извршил Видое Подгорец.Џани Родари, Приказни по телефон. „Кочо Рацин“, Скопје, 1966. Во 1993 година, таа била објавена како заедничко издание на „Мисла“, „Наша книга“, „Култура“, „Македонска книга“ и „Детска радост“, како лектира за второ одделение според наставниот план и програмата за основните училишта во Република Македонија. Преводот го направил Видое Подгорец, автор на корицата е Александар Каевски, нацртот и ликовно-графичкото обликување на корицата го направил Диме Исаиловски, а автор на илустрациите е Младен Туниќ. Книгата била испечатена во НИП „Нова Македонија“, РЕ Печатница, во Скопје, во 1993 година.Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
Наводи
Категорија:Дела на Џани Родари Категорија:Раскази за деца Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Изданија на Мисла Категорија:Изданија на Култура Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Изданија на Наша книга Категорија:Појавено во 1966 година во Македонија Категорија:Книги од 1962 година