Патернион е пазарен град во областа Филах-Ланд во австриската држава Корушка. Сместен е во долината Драва на 18 километри (11 милји) на северозапад од градот Филах.

Географија Патернион е поделен во шест катастарски заедници (катастарски општини): Feistritz an der Drau, Kamering, Kreuzen, Nikelsdorf, Paternion и Rubland.

Историја Населено уште од времето на Халштатската култура, ова место за првпат се споменува како Свети Патернијан во едно дело од 1296 година, именувано по Свети Патернијан, епископот од Фано, бидејќи областа јужно од Драва тогаш припаѓала на Акхилеријската патријаршија.:de:Paternion Во 1530 година, Патернион ги добил пазарните права од надвојводата Фердинанд Први од Австрија. Со процент од околу 30%, општината денес е еден од центрите на протестантството во Корушка.

Замокот Патернион бил дел од Господарството на Патернион (Herrschaft Paternion), заедно со замоците во Полан и Кројцен и 8.800 хектари шуми. Кон крајот на 19 век тие преминале од сопствеништво на грофовите Видман-Рецонико на грофот Пјеро Фоскари од Венеција, и сè уште се во сопственост на семејството Фоскари-Видман-Рецонико.

Политика Места во општинското собрание (Гемајндерат) од изборите во 2009 година:

Социјалдемократска партија на Австрија (СПÖ): 13 Сојуз за иднината на Австрија (БЗÖ): 8 Бургерлиште (Независен): 6

Збратимени градови Ладенбург, Германија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Градови во Корушка Категорија:Филах-Околина Категорија:Координати на Википодатоците