Сан Бернардо () ― збир од девет крајбрежни корални острови и еден вештачки остров (вкупно десет) кои припаѓаат и се управувани од Колумбија, се наоѓаат во Мороскилскиот Залив во Карипското Море, со приближна површина од 213 км2.Informe del Estado de los Ambientes Marinos y Costeros en Colombia Año 2000 . Административно, архипелагот припаѓа на департманот Боливар со исклучок на островот Бокерон, кој му припаѓа на департманот Сукре. Се состои од островите Бокерон, Кабруна, Сејсен, Мангле, Мукура, Палма, Панда, Санта Круз (вештачки остров), Тинтипан и Маравиља. Сите 10 острови се близу до градовите Толу и Ковењас.
Од 1996 година, дел од архипелагот припаднал на националниот корален парк Росарио и Сан Бернардо.
Постојат објекти за сместување на некои од островите, најмногу на Макура и Палма.
Флора и фауна Во водите околу островите има риби и желки, а островите имаат значителна тропска флора.
Географија н|мини|420x420пкс|Местоположба во Колумбија
Поврзано Карипски регион Островски регион Список на острови во Јужна Америка
Наводи
Библиографија
Категорија:Статии со извори на шпански (es) Категорија:Архипелази во Карипското Море