Осташков ( ) е град на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација и административен центар на Осташковскиот реон сместен во северозападниот дел на Тверската област. мини|Осташковска соборна црква Според проценките на Националната статистичка служба, во градот во 2014 година живееле 17 109 жители.

Географија Градот Осташков се наоѓа на северозапад на Тверската област, односно во централниот дел на Осташковскиот реон, на кој е исто така и административен центар. Се наоѓа на тесен полуостров на јужниот брег на езерото Селигер и е оддалечен на околу 200 километри северозападно од административниот центар на областа на градот Твер.

На околу еден километар и половина источно од градот, од езерото тече реката Селижаровка, првата значајна притока на реката Волга, додека на околу 7 километри јужно од градот се наоѓа моренскиот езерото Сиг.

Историја Населбата Осташково за првпат се споменува во пишани извори во 1371 година во писмо од литванскиот кнез Алгирдас упатено до Цариградскиот патријарх Филотеј. Во тоа писмо, Осташков се споменува како погранична населба Кличен на границата со Московското Кнежевство, сместено на истоимениот остров на езерото Селигер. Населбата во 1393 година ја освоиле и целосно разрушиле новгородските војници. Според легендата, единствениот преживеан од уништувањето бил локалниот рибар Јевгениј Осташко, кој подоцна основал нова населба наречена по него, Осташков.

Во периодот од XV до XVIII век, Кличен-Осташков бил центар на истоимената парохија, која прво била дел од Ржевското кнежевство, а потоа и од Ржевскиот округ. Потоа во периодот од 1772 година до 1775 година станал центар на Осташковскиот округ во Тверската провинција, а потоа и Тверската губернерија. Во 1770 година Осташков добил статус на слободен град.

Демографија Според податоците од пописот во 2010 година во градот живееле 18 088 жители, додека според проценките за 2014 година градот имал 17 109 жители. + Движење на бројот на жители1939 година1959 година1970 година1979 година1989 година2002 година2010 година2014 година19 00319 54223 41924 38027 40120 66018 08817 109

Збратимени градови

Марду (Естонија)

Поврзано

Тверска област Осташковски реон Селигер Список на градови во Русија

Користена литература

Надворешни врски

Хералдичка историја на градот Историја на Осташков Подетална мапа на градот Осташков во енциклопедијата Мојот град

Категорија:Градови во Русија Категорија:Градови во Тверската област