Лесогорски ( ), до 1948 година Јаски ( рус ; ; ) е населено место со административен статус на мало гратче ( ) на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација. Сместено е на крајниот северозапад на Ленинградската област и административно припаѓа на Виборшкиот реон . мини|Куќа во Лесогорски на брегот на Вуокса Според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година во градот живееле 3 302 жители.

Има статус на населба од урбан тип, односно за мало гратче носи од 1940 година.

Географија Градот Лесогорски се наоѓа на северозапад на Карелијска превлака, на левиот брег на реката Вуокса, недалеку од меѓународната граница меѓу Русија и Финска. Гратчето се наоѓа на околу 185 километри северозападно од Санкт Петербург .

Историја лево|мини|250x250пкс| Поглед на гратчето од почетокот на минатиот век Во пишани извори, населбата прво се споменува во текстот на Ореховскиот мир од 1323 година и според чии одредби некои територии во Новгородската територија биле предадени под управа на Швеѓаните (меѓу нив и месноста Јаски). Останала во границите на шведската држава сè до Руско-шведската војна од 1741-1743 година кога станала дел од Руската Империја. Во периодот од 1918 година до 1940 година населбата се наоѓала во границите на Финска .

По враќањето во Советскиот Сојуз во 1940 година, поранешното село Јаски доби административен статус на урбана населба во ранг на мало гратче, сè до 1960 година има функција на регионален центар. Откако Лесогорскиот регион беше распуштен во 1960 година, градот Лесогорск административно потпаѓа под администрација на Виборшкиот реон. Сегашното име го носи од 1948 година.

Демографија Според податоците од пописот во 2010 година во градот живееле 3 273 жители, додека според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година градот имал 3 302 жители. +Движење на бројот на жителите1939 година1959 година1970 година1979 година1989 година2002 година2010 година2015 година ---5 3304 9384 7983 7443 0043 2733 302 Економија Индустрија Во Лесогорски постои фабрика за производство на пластика и влакна. Има електроцентрала на Вуокса. Транспорт Лесогорски е поврзан железнички со Каменогорск, каде што има врска со старата пруга Виборг - Јоенсу. Има сообраќај во приградската област до Виборг. Продолжувањето на железничката пруга преку Светогорск до државната граница е неупотребено.

Лесогорски е поврзан со патишта со Каменогорск и Виборг, како и со Иматра преку границата преку Светогорск Поврзано

Ленинградски регион Виборшки реон Карелијанска превлака Вуокса

Користена литература

Надворешни врски

Категорија:Населени места во Русија