мини|десно|250п|Белскиот даб Белски даб, познат и само како Дабо(т) — даб од видот на благуни () којшто се наоѓа во дворот на Белскиот манастир. Дабот се верува дека е стар околу 600 години и со тоа е еден од најстарите претставници на овој вид во регионот. Со закон е заштитен како споменик на природата, а прогласен е и за природна реткост.

Природни особености и околина Дабот се претпоставува дека е стар околу 600 години. Тој е висок 19 м и има обем на стеблото од 5,9 м. Неговата крошна е асиметрична и широко разгранета, а во однос на страните на светот ги има следните големини: 14,3 м кон југ, 10,6 м кон југоисток, 2,4 м кон исток, 8,9 м кон североисток, 9,5 м кон север, 7,8 м кон северозапад, 9,1 м кон запад и 10,5 м кон југозапад. Под дабот се наоѓаат две големи грамади, кои меѓу жителите се познаи како „камен на плачот“.

Заштита Во 2003 година биле извршени заштитни зафати на дабот, со коишто бил исчистен од гнили слоеви и паразити, а со тоа се смета дека животниот век му е продолжен за уште околу 100 години. Во 2012 година, дабот бил погоден од гром, неговото стебло било опожарено и претрпел големи оштетувања.

Во октомври 2019 година, дабот бил прогласен за природна реткост и управувањето со него, вклучувајќи спроведување на активности за негово чување и одржување, му биле доверени на градоначалникот на Општина Кочани.

Приказна за смокот Во дабот се верува дека живеел смок којшто бил долг околу два метра и честопати излегувал пред посетителите на манастирот, па меѓу народот бил познат како „Светијата“ и затоа никој никогаш не се обидел да го убие или избрка. Со затворањето на дупка од дабот во 2004 година, смокот излегол и оттогаш не е виден. Сепак, мештаните веруваат дека тој нашол друг отвор и сè уште живее во дабот.

Поврзано Белски манастир Бели

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Поединечни дрва во Македонија Категорија:Белски манастир Категорија:Бели Категорија:Споменици на природата на Македонија Категорија:Природни реткости во Македонија