Заборје — историско село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Денес тоа е отпишано и нема постојани жители. Било населено со православни Македонци.
Географија Селото се наоѓало во областа Голо Брдо, помеѓу селата Големо и Мало Острени. Денес на местото на селото има воени објекти.
Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Заборие (Zaborié) било село со 90 домаќинства со 245 жители православни Македонци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Заборје (Заборье) живееле 115 Македонци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Заборје е претставено како чисто македонско село в Дебарската Каза на Дебарскиот Санџак со 10 куќи.
На почетокот на XX век во селото се наметнала бугарската пропаганда. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Заборје (Zaborie) имало 80 Македонци, сите под егзархијата.
Весникот „Дебарски глас“ во 1909 г. напишал:
По Првата балканска војна во 1912 г. Заборје влегло во состав на новосоздадената Албанија.
До 2015 г. подрачјето на селото било на територијата на Општина Острени.
Личности Богдан Таневски — ѕидар со основно образование, борец во Македонско-одринските доброволни чети
Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект
Наводи
Категорија:Историски села во Албанија †Заборје †Заборје