Атанас Ангеловски - Гарефи ( во , Костурско — македонски партизан, борец и воен раководител на единици од егејскиот дел на Македонија.

Животопис Во НОБ се приклучил во 1943 година како борец на Партизанскиот одред „Вичо“. Со основањето на македонскиот Костурско-лерински баталјон „Гоче“ (2 август, 1944 година), се борел во неговите редови во својство на командир на вод, а потоа и во Првата ударна бригада на Македонците во Грција. По расформирањето на бригадата бил во единиците на КНОЈ. Во октомври 1946 година, по задача на Главниот одбор на НОФ за егејскиот дел на Македонија, предводејќи една група македонски борци, преминал на територијата на егејскиот дел на Македонија, на планината Малимади, за да се бори против националистичките сили во Грција (прво како командир на чета, а потоа како командант на баталјон на ДАГ), сè до крајот на Граѓанската војна во Грција. По поразот на ДАГ емигрирал во СССР. Во 1963 година се вратил во СР Македонија.

Наводи

Надворешни врски

Преживеаните борци од граѓанската војна во Грција: Атанас Ангеловски - Гарефи