десно|мини|200x200пкс| Чаша сбитен Сбитен, што значи „топла зима“, е белоруски, украински, и руски традиционален пијалак. Има темновиолетова боја и, во зависност од рецептот, може да биде многу солен и многу благ.

Историја За првпат бил споменат во словенските летописи во 1128 година и останал популарен кај сите класи на источнословенското општество сè до 19 век кога бил заменет со кафе и чај. Повторно се појавува во 21 век како масовно произведен пијалак во Русија.

Подготовка Како што се пијалаците медовина и медовуха, и сбитен се прави со мед измешан со вода, зачини и џем . Еден рецепт за сбитен е напишан во Домострој од 16 век. Во споредба со квас, сбитен е многу поедноставен и полесен за подготовка. Во некои рецепти, медот и водата и зачините се варат посебмо, а потоа пак се мешаат заедно и повторно се варат. Во други рецепти, сите состојки се мешаат и варат одеднаш. пијалакот може да се направи и алкохолен ако водата ја замените со вино . Може да се украси со лисја од нане или стапчиња цимет .

Исто така може да се пие и ладно за време на летото. десно|мини|252x252пкс| Лубок печат (19 век)

Сбитеншчик Сбитеншчик бил продавач на сбитен во Киевска Русија, московјанска Русија и Руската Империја . Традицијата на продавање сбитен започнала во 12 век.

Комичната опера „Продавачот на Сбитен“ ( Сбитенщик - Сбитеншчик) од Јаков Књажнин со музика на чешкиот композитор Антоан Булант, 1783 година, била многу популарна во 18-19 век во Русија. Сбитеншик имал важна улога во развојот на самоварот.

Наводи

Надворешни врски Како да направите Сбитен - напис од wikiHow

Категорија:Божиќна кујна Категорија:Безалкохолни пијалаци Категорија:Топли напитоци Категорија:Руска кујна