Покров на Пресвета Богородица – манастирска црква на манастирот Еленец.

Историја Црквата била изградена врз темелите на постар објект во 1880 година. манастирот во 20 век. Подоцна била срушена и обновена.Ш., Љ.. „Еленец ја враќа надежта во подзаборавената Цера “. ММС. 14 август 2018.

Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со сложена аритектура. Таа има три осумаголни куполи коишто се распоредени во правец исток-запад, а од нив средната е малку поголема и е изградена повисоко. На источната страна, црквата има полукружна апсида, додека на останатите страни има по еден влез, а главниот е сместен на западната страна. Пред главниот влез е дограден трем над којшто се издига камбанаријата. Таа се состои од два дела. Долниот дел е повисок и има квадратна основа, а на секоја страна во висина на ѕвоното има по една монофора. Горниот дел е со помала осумаголна основа, а на секоја страна има по една мала монофора. Над споредните влезови од јужната и северната страна има по две монофори коишто се одвоени со слепа ниша. Црквата во целост е обоена во бела боја и е покриена со скалест кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а иконостасот се состои од два реда.

Во непосредна близина на црквата има помошен објект и чешма коишто се изградени од камен.

Галерија

Поврзано Еленец Цера Оризарска парохија Брегалничка епархија Кочанско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Еленец Категорија:Цера Цера