„Ајде пукна пушка“ — македонска народна песна, напишана од непознат автор. Песната е посветена на кавадаречкиот комита Лазо Ридов - Асијата (1885-1911) кој дејствувал во Кавадаречко во Илиденскиот и Поилинденскиот перид. Песната има ајдутски карактер.

Текст -Ајде пукна пушка во чикма одаја, ајде пукна пушка во чикма одаја.

Ајде, го удари најдобриот јунак, ајде го удари, Лазо Асијата.

Ајде викна, писна, најдобриот јунак, ајде викна, писна Лазо Асијата.

- Ајде немам мајка рани да преврзе, ајде немам сестри крпи да исперат.

Ајде јас си имам до два мили браќа, они ќе си вратат братовата крвца.

Надворешни врски Ајде пукна пушка (текст и музика) на pesna.org

Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни Категорија:Македонски ајдучки песни