Вистина, време и историја () - слика на платно со масло од шпанскиот уметник Франциско Гоја од 1804–1808 година. Изложена е во Националниот музеј во Стокхолм.
Станува збор за алегорија заснована на „Иконологија“ од Чезаре Рипа, од 1593 година. Таа прикажува како Историјата е сведок кога Времето ја открива Вистината. Историјата е симболизирана од жена, а Времето - постар крилест човек кој држи песочен часовник. Историјата го евидентира настанот во нејзината книга, додека гледа над нејзиното рамо со цел да го признае минатото. Стоечката жена, која држи книга, ја претставува Шпанија, како и Вистината. Тоа би можело да биде алегорија на шпанскиот устав, усвоен во 1812 година за време на ослободувањето на Шпанија од власта на Наполеон, а двојната симболика е дизајнирана да ја нагласи легитимноста на новиот устав. лево|мини| Цртеж околу 1797–1799 или 1804 година, Музеј на ликовни уметности, БостонЦртежот на мрежната страница на Бостонскиот музеј за ликовна уметност. Гоја направил груб цртеж помеѓу 1797–1799, или евентуално во 1804 година. Во оваа верзија крилестото Време открива гола вистина додека заканувачки лилјаци и бувови демнат над нив. Цртежот е во збирката на Музејот на ликовни уметности во Бостон.
Наводи
Категорија:Слики од Франсиско Гоја