Аеда, исто така позната како — месечина на Јупитер. Откриена е од група на астрономи од Хавајскиот универзитет, предводена од Скот Шепард во 2003 година. Тогаш ја добила привремената ознака .IAUC 8087: Satellites of Jupiter 4 март 2003 (откривање)MPEC 2003-E11: S/2003 J 1, 2003 J 2, 2003 J 3, 2003 J 4, 2003 J 5, 2003 J 6, 2003 J 7 2003 March 4 (Discovery and ephemeris)

Аеда е со пречник од околу 4 километри и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 23.044.000 км за 714,657 дена, при наклон од 160° до еклиптиката (162° до екваторот на Јупитер), во спротивновртечка насока и со ексцентричност од 0,4311.

Името го добила во март 2005 година по Аеда, една од трите првични музи. Аед била Муза на песната и била ќерка на Зевс (Јупитер) од Мнемозина.IAUC 8502: Satellites of Jupiter 2005 March 30 (Naming the moon)

Аеда спаѓа во Пасифаината група, неправилни спротивновртечки месечини што кружат околу Јупитер на растојанија од 22,8 до 24,1 Гм, и со наклони кои се движат помеѓу 144,5° и 158,3°.

Наводи

Категорија:Пасифаина група Категорија:Астрономски тела откриени во 2003 година Категорија:Неправилни месечини Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Месечини со повратна орбита