Укијо-е (浮世絵 - во буквален превод е слика на плутачкиот свет) спаѓа во вид на јапонски дрвопис и слика на која се насликани глумци од кабуки театарот, убави жени, сумо рвачи, различни сцени од народни раскажувачи и легенди, самурајски борби, сцени од патовања, пејзажи и еротски сцени. Терминот укијо потекнува од будизмот и се однесува на минливата природа на човековиот живот. Со тоа се истакнува дека не треба да се врзуваме за сопствените страсти, туку да го прифатиме природниот тек на животот.Marks, Andreas; Addiss, Stephen. Japanese woodblock prints, Tuttle publishing. 2010. pp. 9.

Наводи

Категорија:Јапонска култура Категорија:Јапонска уметност Категорија:Јапонско сликарство Категорија:Хаику