Ерлинг Браут Холанд ((); роден на 21 јули 2000, во Лидс) — норвешки фудбалер, напаѓач на Манчестер сити и на Норвешката репрезентација.
Сметан за еден од најталентираните играчи на својата генерација, препознатлив по неговото темпо, атлетичност, физичка сила и по ладнокрвната завршница, Холанд израснал во младинскиот сектор на Брјуне, за кој го имал своето професионално деби, пред да се пресели во Молде во 2017 година, каде што играл две сезони. Во 2019 година, тој бил купен од Салцбург, со кој ги освоил првенството и купот на Австрија во сезоната 2018-2019. На почетокот на 2020 година, тој се пресели во Борусија Дортмунд, каде го освоил Купот на Германија во сезоната 2020-2021 и се наметнал како еден од најплодните млади напаѓачи во светот. Две години подоцна тој му се приклучил на Манчестер Сити.
На поединечно ниво, тој ја освоил наградата Златно момче во 2020 година, а потоа бил избран за играч на годината во германското првенство за сезоната 2020-2021. Истата сезона, тој ја освоил титулата најдобар стрелец во Лигата на шампионите, што, исто така, му овозможило да биде вклучен во Тимот на сезоната на Лигата на шампионите.
Биографија Роден е во Лидс, Англија, каде неговиот татко Алф-Инге Холанд, инаку поранешен професионален фудбалер, играл за екипата на Лидс Јунајтед во Премиер лигата на Англија. Во 2004 година, на тригодишна возраст, тој се преселил во Брјуне, родниот град на неговите родители во Норвешка. Неговиот братучед Алберт Тјоланд (роден во 2004 година) е исто така фудбалер.
Технички одлики Тој е напаѓач со добра техника, брзина и физичка сила. Има одличен осет за гол, опасна лева нога, додека неговите 194 см му овозможуваат да биде закана по голот на противниците во играта со глава. Моќта на неговите удари ги прави тешки за бранење, а покрај тоа тој е добар и во вметнување во просторите што ги оставаат противничките одбранбени играчи. Често знае да се истакне и како асистент за својте соиграчи поради добрата визија за играта. Халанд ги навел Кристијано Роналдо, Мичу, Џејми Варди и Робин ван Перси како инспирација, како и шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ со кого често е споредуван поради потеклото (Скандинавија), конституцијата и стилот на игра.
Клупска кариера Брјуне Холанд започнал во академијата на клубот од неговиот роден град Брјуне на петгодишна возраст.
За време на сезоните 2015 и 2016, Холанд играл за Брјун 2 (резервниот тим на Брјун) во норвешката четврта лига и импресионирал, постигнувајќи 18 гола на 14 натпревари. Тој дебитирал за Брјун 2 на 5 октомври 2015 година, во натпревар од групата 6 на четвртата лига, загубен на домашен терен со од 0–1 од Резервите на Старт, додека пет дена подоцна го постигнал својот прв гол на сениорско ниво против Хеи во поразот од 2–1 на гостински терен. Следната сезона, тој се појавувал многу почесто и го постигнал својот прв хет-трик во кариерата на 19 септември 2016 година, на возраст од 16 години и 2 месеци, во победата на гостински терен од 5–3 над Вард Хаугесунд 2 во групата 6 од норвешката четврта лига.
Во мај 2016 година, кога тренерот на првиот тим Гауте Ларсен добил отказ од функцијата и бил заменет привремено од тренерот на младинскиот тим, Бернтсен, Холанд бил промовиран во првиот тим на Брјуне. Бидејќи претходно тесно соработувал со Холанд во младинските категории на тимот, привремениот тренер му ја дал шанса на тинејџерот да започне како стартер, три месеци пред неговиот 16-ти роденден. Неговиот прв настап за Брјуне бил во натпреварот од Првата дивизија против Ранхајм на 12 мај. Откако првично бил користен на крилната позиција, по неколку натпревари Бернтсен го преместил Холанд на неговата омилена централна позиција како централен напаѓач. Иако не успеал да постигне гол во 16 натпревари во својата прва сезона во Брјуне, тој привлекол интерес од голем број клубови и му била понудена проба во германскиот клуб , пред конечно да премине во Молде за да игра под водството на Оле Гунар Солшер.
Молде На 1 февруари 2017 година, Молде го официјализирал трансферот на 16-годишниот Холанд.
Титули Клупски Ред Бул Салцбург Австриско првенство : 1 2018–2019 Куп на Австрија : 1 2018–2019
Борусија Дортмунд Куп на Германија : 1 2020–2021
Манчестер Сити Премиер лига на Англија : 2 2022-2023, 2023-2024 ФА Куп : 1 2022-2023 Лига на шампиони : 1 2022-2023 Суперкуп на УЕФА : 1 2023 Светско клупско првенство : 1 2023
Наводи
Надворешни врски
Ерлинг Браут Холанд на espn Ерлинг Браут Холанд на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Норвешки фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Салцбург Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026