Барица — археолошко наоѓалиште во атарот на скопското село Орман, Македонија.

Претставува населба од неолитското време, сместена на левиот брег на реката Лепенец. Наодите се среќаваат на две тераси крај дрвениот мост во облик на фрагменти од керамички садови, камени и кремени орудија и куќен лепеж.

Поврзано „Стенковец“ — аеродром во непосредна близина на наоѓалиштето; Брес — населба од средниот век; Коњушница — населба од железното и раноантичкото време, некропола со мавзолеј од доцноантичкото време и старохристијанска базилика; Манастириште — црква и некропола од средниот век; Св. 40 Маченици — некропола од доцноантичкото време; Орман; и Список на археолошки наоѓалишта во Скопско.

Наводи

Категорија:Орман (Скопско)