Ова е статија која хронолошки го следи развојот на Пандемијата на коронавирус во Македонија во 2020 година.
Хронологија Февруари Првиот случај на македонски државјанин заразен од болеста е забележан надвор од границите. Бил член на посадата на бродот „Дајмонд Принцес“ на кој на 4 февруари е потврден првиот заразен случај. На истиот брод биле уште двајца македонски државјани, сите дел од екипажот. Бродот бил ставен под карантин на пристаништето во Јокохама, Јапонија. Заразениот македонски државјанин бил позитивен на вирусот на 13 февруари и имал благ облик на заболување. Бил пренесен на лекување во болница во Јокохама.
На 26 февруари, Македонија го потврди првиот случај, жена чиј тест на SARS-CoV-2 на Клиниката за заразни болести во Скопје бил позитивен. Таа престојувала во Италија месец дена и боледувала две недели. По враќањето, веднаш се пријавила на клиниката.
Март
На 6 март биле потврдени уште два случаја на брачни двојки од Баланци, Општина Центар Жупа кои биле жители на Бреша, Италија и се претпоставува дека се вратиле во земјата заради страв од вирусот. По позитивните резултати од тестовите биле пренесени на истата клиника како и првиот случај.
На 9 март бројот на заразени се искачил на седум. Една од заразените лица е директорка на Клиниката за кожни болести чиј резултат бил позитивен по враќањето од зимски одмор во Италија. Ова предизвикало многу прашања бидејќи таа исто така држела предавање на конференција по враќањето од Италија без да се тестира, за што подоцна била разрешена од функцијата. Меѓу другите се и тројца блиски роднини на брачната двојка од Центар Жупа чии тестирања биле позитивни и поради тоа се пренесени во Скопје.
На 10 март по формално барање на градоначалникот на Дебар, градот од каде биле пет од седумте случаи, и поради реакциите во јавноста за однесувањето на заразената директорка на клиниката, Министерството за здравство објави посебни мерки за превенција од понатамошно ширење на вирусот. Истите вклучувале двонеделно затворање на сите образовни установи (од претшколско образование до универзитети), забрана за патување во земјите со најголем број на заразени (Кина, Кореја, Италија, Франција, Германија и др.), забрана на одржување на јавни настани и одржување на спортските настани без публика. Повторените тестови на првата заразена се покажале негативни. И покрај тоа, пациентката била задржана на болничко лекување.
На 11 март биле потврдени уште два случаја, повторно од Дебар, кои биле во контакт со првите случаи во градот.
На 13 март биле потврдени 4 нови случаи повторно од Дебар и била прогласена кризна состојба во градот, со што општините Дебар и Центар Жупа биле ставени под карантин. Подоцна, претседателот Пендаровски донел одлука за ангажирање на Армијата во овие области. Исто така било објавено дека нема да се дозволи влез на странци кои доаѓаат од високоризичните земји.
На 14 март биле тестирани 8 лица од коронавирус од кои шест биле позитивни (5 од Дебар и 1 од Скопје кој се вратил од патување во Шпанија). Од сите дијагностицирани пациенти, 14 сместени на клиниката во Скопје, додека петте нови случаи останале во Дебар каде била поставена потребната опрема.
На 16 март, седум лица биле позитивни (4 од Дебар и 3 од Скопје). Тројца од пациентите биле сместени во Скопје, а другите четири во Дебар. Два случаја имале позитивни тестови во приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје и за овие случаи тестовите биле повторени во државната клиничка лабораторија наредниот ден. Исто така било објавено дека сите копнени граници како и аеродромот во Скопје се затвораат.
На 17 март биле потврдени 5 нови случаи, четири од Дебар, од кои двајца доктори и две медицински сестри, и еден од Скопје.
На 18 март биле потврдени уште четири нови случаи во Скопје кај лица кои се вратиле од Белгија. Истиот ден техничкиот премиер Оливер Спасовски соопштил дека владата ја разгледува можноста за прогласување на вонредна состојба во земјата, што би било првпат да се воведе оваа мерка во историјата на државата. Вонредната состојба била воведена приквечер од претседателот Стево Пендаровски. Парламентот веќе бил распуштен поради распишаните парламентарни избори, а на Владата покрај извршната ѝ била доделена и законодавната власт. При крајот на денот било соопштено за уште седум лица позитивни на вирусот, со што бројката достигнала 42 потврдени случаи.
На 19 март биле потврдени шест нови случаи од кои три во Дебар и по други три во Скопје, Гостивар и Штип. Потврдениот случај во Штип се однесувал на 4-годишно девојче кое престојувало во Англија.
На 20 март утрото било соопштено дека по извршување на поширок процес на испитување потврдени се 19 нови случаи, сите во Скопје, од кои 17 биле тестирани на приватната клиника „Жан Митрев“. Скопје ја преминал бројката на Дебар во најмногу потврдени случаи. Попладнето биле потврдени уште шест нови случаи, со што бројката на заразени од болеста на крајот од денот достигнала 76 потврдени случаи.
На 21 март се потврдени уште девет нови случаи (7 во Скопје и 2 во Штип). Иистиот ден владата вовела полициски час како мерка против масовното ширење на болеста, и истиот важи од 21:00 до 06:00 часот. Министерството за здравство соопштило дека понатаму за новите случаи на заразени со вирусот ќе известува само еднаш во денот на прес-конференција која ќе се одржува во 12:00 часот, а во која информациите ќе се однесуваат за изминатите 24 часа.
На 22 март се потврдени 29 нови случаи (22 во Скопје, 3 во Штип, 2 во Дебар, 1 во Охрид и 1 во Куманово). Подоцна истиот ден е забележан првиот смртен случај — 56-годишна жена од Куманово, каде присуството на вирусот е утврдено дури посмртно.
На 23 март се потврдени 22 нови случаи (15 во Скопје, 4 во Дебар, 2 во Куманово и 1 во Охрид). Истиот ден е потврдена и втората жртва од коронавирусот, 63-годишен маж од Дебар кој бил хоспитализиран во Скопје на 17 март. Неговата состојба била стабилна, но истата се влошила ноќта пред да почине и поради тоа бил ставен на респираторни машини.
На 24 март се потврдени 12 нови случаи, од кои 7 во Скопје и 5 во Куманиво.
На 25 март се потврдени 29 нови случаи (20 во Скопје, 3 во Куманово и Велес, 2 во Прилеп и 1 во Дебар). Со тоа бројот на заразени се искачил на вкупно 177 дијагностицирани пациенти. Нови места на кои се појавил вирусот се Велес и Прилеп. Попладнето била соопштена и третата жртва од коронавирусот, пациентка од Дебар на 66-годишна возраст која примала хронична терапија за хипертензија. Таа подолго време била на респираторна машина.
На 26 март се потврдени 24 нови случаи од кои 15 во Скопје, 4 во Куманово, 2 во Дебар, по 1 случај во Охрид и во Штип, како и првиот случај во Тетово. Опоравени се двајца пациенти.
На 27 март се потврдени 18 нови случаи од кои 11 во Скопје, 4 во Прилеп, 2 во Куманово и 1 во Тетово.
На 28 март се утврдени 22 нови случаи (9 во Скопје, по 3 во Куманово и Струга, по 2 во Тетово, Прилеп и Дебар и 1 во Битола). Забележан е четвртиот смртен случај — 66-годишна жена од околината на Струга.
На 29 март се потврдени 18 нови случаи (6 во Штип, 3 во Скопје и Велес, 2 во Струга и по 1 случај во Струмица, Дебар, Тетово и Гевгелија). Соопштени се и два нови смртни случаи. Починале 91-годишен и 31-годишен пациент. Пациентот на 91 година осум дена се лечел на Клиниката за инфективни болести во Скопје, а на 31-годишниот нагло му се влошила состојбата.
На 30 март се утврдени 26 нови случаи (19 во Скопје, 3 во Куманово, 1 во Прилеп, 1 во Тетово, 1 во Дебар и 1 во Крива Паланка). Соопштени смртен случај на 79-годишен маж од Дебар и опоравувањето на 9 лица. (8 од Скопје и 1 од Дебар)
На 31 март Министерството за здравство соопштило за 44 нови случаи: 23 во Куманово, 11 во Скопје, 4 во Тетово, 3 во Битола, 2 во Струга и 1 во Прилеп. Починале 45-годишен маж од Куманово и 78-годишен маж од Дебар, двајцата со претходни здравствени проблеми. До овој датум се извршени вкупно 3.518 тестирања.
Април мини|лево|Знак на под за одржување на физичко растојание од 1,5 метар На 1 април се објавени 25 нови случаи: 7 во Куманово, 7 во Скопје, 4 во Тетово, 3 во Битола, 2 во Струга, 1 во Гевгелија и 1 во Кочани. Починала 65-годишна жена од Лабуништа со претходни здравствени проблеми. Излекувани се 5 пациенти.
На 2 април се утврдени 30 нови случаи: 12 во Скопје, 9 во Прилеп, 8 во Куманово и 1 во Крива Паланка.
На 3 април се објавени уште 46 случаи: 23 во Куманово, 13 во Скопје, 2 во Дебар, 2 во Велес, 2 во Гевгелија, 2 во Тетово, 1 во Прилеп и 1 во Гостивар. Потврден еден смртен случај на 68-годишен маж од Тетовско. Вечерта вирусот одзел уште еден живот — 70-годишен маж од Куманово.
На 4 април се утврдени 53 нови случаи: 14 во Струга, 13 во Скопје, 8 во Куманово, 6 во Кочани, 5 во Штип, по 2 во Прилеп, Тетово и Гостивар и 1 во Велес. Истиот ден има 5 починати.
На 5 април се заведени 72 нови случаи: 21 во Куманово, 14 во Скопје, 12 во Тетово, 9 во Прилеп, 7 во Кочани, 2 во Крушево, 2 во Битола, и по 1 случај во Струга, Велес, Гостивар, Штип и Радовиш. Потврден е смрте случај на 63-годишен маж од Лабуништа. Подоцна истиот ден, Институтот за јавно здравје објавил исправка за податоците: еден случај на човек вратен од Словенија под карантин од Гостивар е всушност од Струмица, а другиот вратен од странство е под карантин од Тетово, но живее во Радовиш.
На 6 април, 15 нови случаи: 8 во Куманово, 4 во Скопје и по еден од Тетово, Струга и Штип. Потврдени се 3 смртни случаи: двајца мажи (на 69 и 65 години) во Тетово и 40-годишен маж од Кочани. Опоравени се 6 пациенти.
На 7 април се појавиле 29 нови случаи: 15 од Скопје, 7 од Куманово, по 3 од Струга и Кочани и 1 од Прилеп. Починале 5 лица: двајца мажи од Куманово на возраст од 52 и 53 години, 81-годишна жена од Штип, 65-годишна жена од Струга и 62-годишна жена од Тетово. Подоцна од вирусот починал и 45-годишен маж од Скопје на пат кон болницата „8 Септември“.
На 8 април имало 18 нови случаи: 7 во Скопје, 4 во Прилеп, по 2 Битола и Куманово и по 1 во Крушево, Кочани и Кавадарци. Починале две лица: 73-годишен маж од Куманово и случајот во Кавадарци. Кавадаречкиот случај бил 44-годишен странски државјанин кој бил пронајден мртов во станот, и каде присуството на вирусот е утврдено посмртно. Излекувани се 7 пациенти. Подоцна истиот ден се јавил уште еден смртен случај. 27-годишна девојка од Куманово која се породила на 30 март додека била заразена.
На 9 април се појавиле 46 нови случаи: 13 во Куманово, 12 во Скопје, по 8 во Прилеп и Велес, 2 во Струга и по еден во Тетово, Кочани и Пробиштип.
На 10 април се утврдени 48 нови случаи: 25 од Куманово, 11 од Скопје, 4 од Прилеп, 3 од Струга, 2 од Гостивар и по еден од Охрид, Штип и Тетово. Потврдени се два нови смртни случаи.
На 11 април се појавиле уште 49 случаи: 14 во Куманово, 13 во Скопје, 8 во Прилеп, по 6 во Штип и Велес и по еден во Гостивар и Кочани. Починале две лица.
На 12 април имало 68 нови случаи: 18 во Куманово, 15 во Скопје, 14 во Прилеп, 10 во Струга, 6 во Велес, 2 во Тетово и по еден во Гостивар, Битола и Кочани.
На 13 април се појавиле 26 нови случаи: 11 во Куманово, по 4 во Скопје и Тетово, 3 во Прилеп, 2 во Велес и по еден во Пробиштип и Кочани. Починале четири лица: 63-годишен маж и 79-годишна жена од Скопје, 58-годишен маж од Велес и 67-годишен маж од Прилеп. Излекувани се тројца пациенти.
На 14 април имало 54 нови заболени случаи: 25 во Куманово, 13 во Скопје, 10 во Прилеп, 2 во Велес и по еден во Штип, Тетово, Гостивар и Кичево. Починале 6 лица, а се опоравиле 42. Заклучно со овој ден, извршени се 9.262 тестирања.
На 15 април се утврдени 66 нови случаи: 27 во Куманово, 10 во Скопје, по 5 во Тетово и Охрид, по 4 во Струга и Прилеп, по 3 во Кочани и Штип, по 2 во Велес и Неготино и еден случај во Гостивар. Починала една 76-годишна жена од Скопје. Излекувани се 12 пациенти.