Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Битола; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.

Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.

Особености

Училиштето располага со училиштен простор за двосменско работење според бројот на учениците. Дел од училниците се класично опремени со основниот училиштен мебел, претежно во нижите одделенија, а дел се специјализирани и опремени за кабинетска настава во предметна настава.

Дворната површина е 2.920 m², целосно асфалтирана и дидактички уредена. Затоплувањето на училишните простории во сите згради е со парно греење. Во училиштето работи и библиотека со завиден фонд на книги од 6800 примероци. Во училиштето учат вкупно 669 ученици во 38 паралелки. Од нив 330 ученици се од прво ново до петто одделение во 18 паралелки, а од шесто деветолетка до осмо учат 339 ученици во 20 паралелки.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Битола Категорија:Основни училишта во Битола Битола Категорија:Основни училишта во Македонија