Атинско метро (грчки: Μετρό Αθήνας) — систем за брз транзит во Грција кој служи на главниот град на Грција, Атина и делови од Источна Атика. Линија 1 била отворена како конвенционална железничка пруга во 1869 година и електрифицирана во 1904 година. Во 1991 година, Атико Метро С.А. ги конструирал и ги продолжил линиите 2 и 3. Метрото во Атина дополнително го олеснил сообраќајот во градот, намалувајќи ги гужвите кои се појавувале низ патниот сообраќај а довел и до намалување на загадувањето на воздухот во градот. Во тек е изградбата на продолжување на линијата 3 кон Пиреја, а исто така се разгледуваат и други проширувања на постојните линии, како и новата Линија 4. Атинското метро е активно поврзано со другите средства за јавен превоз, како што се автобуси, трамвај и приградската железница. Атинското метро е поздравено за својата модерност и на многу од нејзините станици се претставени уметнички дела, и изложби на археолошките остатоци пронајдени за време на неговата изградба. Фотографијата и снимањето видео е дозволено низ целата мрежа, а уличните фотографи честопати работат во Атинското метро.
Наводи
Надворешни врски
Athens Metro Map on Google earth with geolocation Urban Rail Transport Company (STASY S.A.) Attiko Metro Company (Construction and Infrastructure) Athens Urban Transport Organisation (OASA S.A.) Hellenic Ministry of Public Works page on the Attiko Metro UrbanRail.Net – Athens Metro CityRailTransit – Athens railway map (real distance)