Црна Црква — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Ѓуземелци. Претставува средновековна населба и некропола. На 150 м североисточно од селото, крај патот што води за селото Горобинци се наоѓаат урнатини од црква со димензии од 10 × 5 м, од која северниот и западниот ѕид се речиси во првобитната височина. На внатрешните површини на ѕидовите има остатоци од живопис. Пред влезот на црквата има поголем фрагмент од столб од камен песочник, а околу неа се гледаат контури од гробови од камени плочи со насоченост запад-исток.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 351, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Голем Рид — населба од доцноантичкото време; Св. Ѓорѓи - Бела Црква — осамен наод од римското време; Ќерамидница — населба од неолитското и доцноантичкото време; Чифлик — средновековна населба; Ѓуземелци; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Ѓуземелци