Среѓеница — археолошко наоѓалиште во кумановското село Младо Нагоричане. Претставува средновековна населба и некропола. На 3 км јужно од селото, северно од патот Куманово-Крива Паланка, во реонот на Вујовска Карпа има остатоци од објекти. На површината се гледаат грамади од градежен материјал, како и големи камени плочи од гробни конструкции. Биле откопани повеќе питоси од кои еден се чува во Народниот музеј во Куманово.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 217, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — населба од железното време; Грамада — некропола од римското време; Јумерово — вила рустика од римското време; Костоперска Карпа - Жеглиговски камен — Повеќеслојна населба; На Брег — населба од неолитското време; Поканци - Селце — средновековна населба; Ќурчиска Карпа — населба од праисториското време до средниот век; Шантанов Камен — средновековна населба; Младо Нагоричане; Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Младо Нагоричане