Гама Лебед (γ Лебед, γ Cygni, γ Cyg), офиц. Садр — ѕвезда во северното соѕвездие Лебед, сместена во пресекот на петѕвездениот астеризам Северен Крст. Според податоците за паралаксата добиени во мисијата „Хипаркос“, оддалечена е околу 1.800 светлосни години (560 парсеци) од Сонцето.
Ја сочинува главната составница „A“ од повеќеѕвезден систем со ознаката WDS J20222+4015 (споредната составница „BC“ е CCDM J20222+4015BC, блиска двојка ѕвезди на 40" од γ Лебед).
Именување Гама Лебед (γ Cygni, Gamma Cygni) е назив на ѕвездата според Бајеровото означување. Во Вашингтонскиот каталог на двоѕвезди се води како WDS J20222+4015A.
Го носи традиционалното име Садр (или Садир, од арапскиот поим صدر ṣadr „гради“). Во 2016 г. Меѓународниот астрономски сојуз приредил Работна група за ѕвездени имиња (WGSN) со цел да се каталогизираат и стандардизираат личните имиња на ѕвездите. На собирот е решено да се даваат имиња само на поединечни ѕвезди, а не на цели повеќекратни системи. Одобрено е името Садр за оваа ѕвезда (WDS J20222+4015A) и денес важи за официјално.
Во својот ѕвезден каталог, средновековниот египетски астроном Мухамед ел-Ехсаси ел-Муакет оваа ѕвезда ја бележи како Сард ел-деџаџет, (صدر الدجاجة / ṣadr al-dajājati), подоцна преведено на латински како Pectus Gallinǣ, со значење Кокошкини Гради.
На кинески во употреба е збирниот поим (Тјен ѓин), што значи „Небесен Брод“ и се однесува на астеризмот кој ги опфаќа Гама Лебед, Делта Лебед, 30 Лебед, Алфа Лебед, Ни Лебед, Тау Лебед, Ипсилон Лебед, Зета Лебед и Епсилон Лебед.中國星座神話, напишано од 陳久金. Објавено од 台灣書房出版有限公司, 2005, . Оттука, кинеското име на самата Гама Лебед е (Тјен ѓин ји = „Прва ѕвезда од Небесниот Брод“).香港太空館 - 研究資源 - 亮星中英對照表 , Hong Kong Space Museum. Accessed on line November 23, 2010.
Особини
мини|лево|Гама Лебед (во средината) и нејзината околина. Слика на Џеф Џонсон. Со привидна величина од 2,23, Гама Лебед е меѓу посјајните ѕвезди на небото. Носи класификација F8 Iab, што значи дека достигнала развоен степен на суперџин. Од 1943 г. спектарот на оваа ѕвезда се користи како устојчиво поаѓалиште според кое се класификуваат другите ѕвезди.
Во споредба со Сонцето, ова е огромна ѕвезда. Има 12 Сончеви маси и околу 150 поголем полупречник. Оддава над 33.000 пати повеќе енергија од Сонцето, при делотворна температура од 6.100 K на надворешната обвивка. Оваа температура ѝ дава жолтеникаво-бела боја, својствена за ѕвезди од типот F. Олку големите ѕвезди го трошат нивното гориво доста побрзо од Сонцето, и затоа се проценува дека Гама Лебед е стара само 12 милиони години
Спектарот не ѕвездата има необични динамички особини како колебања во радијалната брзина до 2 км/с во временски рамки од 100 дена или повеќе. Така, на Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм, Гама Лебед е сместена близу до појасот на нестабилност и има спектар кој е изразено сличен на кефеида. Ѕвездата е опкружена од расеана маглина наречена IC 1318 или подрачје Садр.
Поврзано Садр (подрачје) Список на ѕвезди во соѕвездието Лебед
Наводи
Надворешни врски
За ѕвездата Садр — Џим Калер Гама Лебед на Атласот на вселената Астрономска слика на денот: Суперџиновската ѕвезда Гама Лебед. НАСА, 9 јули 2013 г.
Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Бајерови објекти Категорија:Жолтобели суперџинови Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:Флемстидови објекти 7796 194093 100453 Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Претпоставени променливи ѕвезди