„Музеј на невиноста“ () — роман на турскиот писател, нобеловец Орхан Памук, објавен во 2008 година.pamuk

Содржина

Романот ја опишува љубовта на главниот лик Кемал Басмаџи, роден во богато семејство во Истанбул, кој што е верен со Сибел, но е вљубен во неговата подалечна роднина Фусун, чие семејство е многу посиромашно.

Пред веридбата со Сибел, млада и богата ќерка на пензиониран дипломат, Кемал се среќава со посиромашната Фусун во бутикот “Шанзелизе”, купувајќи и поклон на Сибел. Тие започнуваат кратка но бурна и интензивна афера. По веридбата на Кемал и Сибел, на која што е поканета и присуствува Фусун заедно со нејзиното семејство, таа доживува голема болка и тага и потоа целосно исчезнува од животот на Кемал, предизвикувајќи голема тага и празнина во неговиот живот. Кемал наоѓа утеха во предметите искористени и оставени од Фусун во нејзиното отсуство. По една година, тој добива писмо од Фусун во форма на покана на вечера. На вечерата во фамилијарниот дом на Фусун, тој открива дека е омажена за младиот и неубав Феридун и запаѓа во длабока депресија.

Тој доаѓа на вечера во домот на Фусун речиси 8 години бидејќи е единствениот начин да биде блиску до неа. По вечерите со Фусун и нејзините родители, Кемал незабележливо започнува да ги краде работите поврзани со неа.

Всушност, „Музеј на невиноста“ е прекрасен поетски, психолошки, социјален роман којшто зборува за возвишена, скоро идеална љубов.

Романот е исполнет низ сите над петстотини страници со прекрасни пасажи во кои авторот внесува неверојатна сензибилност, рефлексивност, носталгија и искреност.

Трагичната црта која е присутна од самиот почеток, всушност уште повеќе ја потенцира возвишеноста и идеалот за љубовта ' слободна, неоптоварена со ниедна конвенција, чиста и човечка.

Во романот повторно доаѓа до израз чистиот и изграден специфичен стил на авторот, за кај што впрочем добил и Нобелова награда за литература.

Романот, ќе го инспирира авторот да создаде вистински музеј на спомените, којшто денес постои во Истанбул, со име „Музеј на невиноста“ во кој се безброј предмети што се споменуваат во самиот роман.

Музејот е единствен од ваков вид во светот.Orhan Pamuk’s “Museum of Innocence”

Во романот, како своевидно творечко тестаментално резиме се споменуваат ликови од останатите негови романи: „Џевдет бег неговите синови “, „Тивкиот дом“, „Црна книга“, „Снег“.

Тема

Судир меѓу Исток и Запад. Делото на Памук честопати се занимава со судир на културите помеѓу Исток и Запад, што всушност е една од причините за доделувањето на Нобеловат награда за литература. Овој роман постојано упатува на влијанијата на Западот (Европа и Америка) врз културата во Истанбул, особено преку идејата за музеите и филмската индустрија, кои мотивски се доста присутни во романот. Неговиот однос кон овие теми е сложен, комплексен, при што се обидува да внесе своевидна поетска и рефлексивна хармонија, барајќ ги и потенцирајќи ги вредностите на двата света кои навидум се оддалечени и неспоиви а всушност секогаш поврзани со љубовта која ги преминува сите граници.Istanbul

Музеј

Памук после објавувањето на романот, основал вистински „Музеј на невиност“, поврзан со самата книга. Тој е сместен во зграда кај населбата Чукуркума, Бијоглу, Истанбул. Во него е изложена богата колекција на спомени за секојдневието и културата на Истанбул од периодот во којшто се случува дејството на романот . Првично, музејот требало да биде изложен на Франкфуртскиот саем на книгатѕа во октомври 2008 година, но изложбата била откажана. Во 2010 година, по многу одложувања, музејот конечно бил отворен за јавноста во април 2012 година. Иако бил отворен подоцна, идејата за музејот се развивала напоредно со пишувањето и создавањето на романот, прикажувајќи ја опсесивната романса меѓу двата главни ликови, како и поетиката на Истанбул од 1970 до 1980 година. Проектот бил поддржан од градот Истанбул во 2010 година - којшто во тоа време бил Европски главен град на културата. Во музејот е возможен бесплатен влез на сите оние што имаат примерок од книгатаmuseum,.

Наводи

Надворешни врски Review site for The Museum of Innocence Interview with Orhan Pamuk, The Museum of Innocence: A Declaration of Love to the City of Istanbul Observer review of novel İletişim sitesi web-sayfası

Категорија:Романи од 2008 година Категорија:Романи од Орхан Памук Категорија:Дела на Орхан Памук