41 Лебед — единечна ѕвезда во северното соѕвездие Лебед, во близина на јужната граница со соѕвездието Лисица. Може да се забележи со голо око како слабосјајна, жолтобела ѕвезда со привидна ѕвездена величина од 4,02. Ѕвездата е на растојание од околу 770 светлосни години од Сонцето, врз основа на измерената паралакса, и ни се приближува со радијална брзина од −18 км/с.
Станува збор за остролиниска суперџиновска ѕвезда со ѕвездена класификација F5Ib-II. Се проценува дека нејзината старост е 85 милиони години и со маса 5,3 пати поголема од Сончевата маса и се врти со предвидена вртежна брзина од 9.5 км/с. Бидејќи го согорела водородот во јадрото, ѕвездата се проширила за 27 пати повеќе од Сончевиот полупречник. Зрачи со јачина за 1.200 пати поголема од Сончевата сјајност од зголемената фотосфера при делотворна температура од 6.533 K.
Наводи
Категорија:Жолтобели сјајни џинови Категорија:Лебед (соѕвездие) BD+29 4057 Лебед, 41 195295 101076 7834