Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во демирхисарското село Смилево, сместена на височинка во селото.

Историја

Црквата била изградена во 1911 година, една година пред завршување на отоманското ропство.

Архитектура

Градбата на црквата е прилично голема и во основа претставува трикорабна градба со полукружен дрвен средиштен свод и покриени странични бродови. Поседува петострана апсида со слепи аркади од надворешната страна.

Црквата поседува три влеза и големи пространи прозорци, поставени во два реда на северниот и на јужниот ѕид. Ѕидовите се од кршен камен, а на фасадата се обработени со фугирање. Има покрив на две води и истиот е од ќерамиди, но најверојатно првично бил од плочи. Отворите, венецот и апсидата се изработени од делкан камен.

Во внатрешноста црквата има галерија.

Галерија

Поврзано Смилево Преспанско-пелагониска епархија Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво Демирхисарска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Смилево Смилево Категорија:Дела на Дебарската школа