Канина или Канина Река — река во Грменско, Пиринска Македонија, лева притока на Места. Долга е 36 км и одводнува дел од југозападните падини на Доспат Планина во Западните Родопи.

Реката извира на 1.726 м.н.в. од јужното подножје на врвот Свети Петар (1.745 м) на Доспат Планина (Дабраш), Западни Родопи. Отпрвин тече кон запад во слабо наклонета и густо пошумена долина. Откако оддесно ќе ја прими Виштерица, свртува на југ и долината ѝ станува многу длабока, со стрмни голи страни. Во овој дел коритото е многу стрмно и Канина образува бројни слапови и водопади. По с. Марчево навлегува во Неврокопската Котлина, образува голем наносен конус и се влева во левиот брег на Места (на 503 м.н.в.), 2 км источно од градот Неврокоп (Гоце Делчев).Енциклопедия „Пирински край“, Том 1, Благоевград, 1995, стр. 418

Сливот зафаќа , што претставува 6,79 % од вкупниот слив на Места. Неговата средна надморска височина изнесува 1.400 м.

Главни притоки: → лева, ← десна ← Чукурска Река ← Ранча ← Ајдучка Река → Чарково Дере ← Банкова Ливада → Грмодско Дере ← Виштерица (најголема) ← Големо Коњско Дере → Дреновска Река

Средниот годишен истек кај с. Фотовишта изнесува . Канина се напојува од дожд и снег; најполноводна е во април, а најслабоводна во септември.

По течението има две села: Фотовишта (Огњаново) и Марчево, обете во Општина Грмен.

Дел од водите на Канина и нејзината притока Виштерица се насочуваат кон горното течение на реката Доспат и кон вештачкото езеро Доспат со помош на 7 водозафатни постројки и тунел под планината Доспат. Во најдолното течение водите се користат за наводнување.

Карти Лист од карта K-34-84. Размер: 1 : 100 000 Лист од карта K-34-96. Размер: 1 : 100 000

Поврзано Виштерица Доспат

Наводи

Категорија:Реки во Пиринска Македонија Категорија:Општина Грмен Категорија:Притоки на Места