Догледање деца (француски: Au Revoir les Enfants) - француски филм од 1987 година, во режија на Луј Мал (Louis Malle), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Гаспар Манесе, Рафел Фејто, Франсоа Негре итн. За филмот, Мал ја освоил наградата БАФТА за најдобра режија и Европската филмска награда за најдобро сценарио. Исто така, филмот освоил седум награди „Цезар“, пет награди на Венецијанскиот филмски фестивал (вклучувајќи ја и наградата „Златен лав“), а бил номиниран и за „Оскар“ во две категории.IMDb, Au Revoir les Enfants (1987)Awards (пристапено на 2.2.2020)

Синопсис За време на Втората светска војна, во еден француски католички интернат се школуваат децата на богатите родители. Меѓутоа, меѓу нив се наоѓаат и три еврејски деца кои ги кријат свештениците. Жулијан Квентан (го игра Манесе) е дете од богати родители. Тој се спријателува со новиот ученик Жан Боне (го игра Фејто) кој се однесува необично и за кого открива дека е Евреин. Меѓутоа, еден ден, во интернатот упаѓаат нацистите, кои успеваат да ги откријат Евреите, а поради нивната заштита е уапсен и раководителот на интернатот. Жулијан е вџашен кога открива дека децата ги предал Жозеф, момчето кое е избркано поради проневерите во кујната на интернатот.IMDb, Au Revoir les Enfants (1987) (пристапено на 2.2.2020)

Наводи

Категорија:Филмови на Луј Мал Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови од 1987 година Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Франција Категорија:Филмови наградени со Златен лав