Светска турнеја на UCI 2020 — низа трки предвидени во сезоната 2020, кои првично вклучувале триесет и шест друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2020. Меѓутоа, некои од нив биле откажани поради избувот на коронавирусот ковид-2019 во светот. Натпреварувањето започнало со воведната етапа на Тур Даун Андер на 21 јануари и завршило со последната етапа на Вуелта а Еспања на 8 ноември.
Настани
Календарот за 2020 бил првично објавен во јуни 2019 година. Во октомври 2019 година, календарот бил официјално претставен од UCI.
Имало две промени од Светска турнеја 2019, обете отстранувања од календарот.
Трката околу Турција добила понизок ранг и била преместена во UCI ProSeries за 2020 година поради недостиг на учество од страна на UCI World Tour екипите во 2018 и 2019. Трката околу Калифорнија нема да се одржи во 2020 година поради недостиг на средства.
Поради пандемијата на коронавирусот која се појавила пролетта, бројни трки биле одложени, вклучувајќи ги сите три големи трки и четири од петте годишни монументи. Поради тоа, организаторите на трките побарале нови датуми од Меѓународниот велосипедистички сојуз за многу од овие трки. На 5 мај 2020 година бил објавен нов ревидиран календар од UCI, па така 25 трки ќе бидат одржани помеѓу 1 август и 8 ноември; неколку трки се предвидени да се поклопат, како што се Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања. Од овие 25, Трката околу Франкфурт и Јуроајс Класик требале да добијат потврдени датуми во календарот. Други измени во календарот биле направени во јуни, кога уште две трки биле откажани, неколку други добиле нови датуми, а Јуроајс Класик бил закажан за октомври.
+ Трки во Светската турнеја на UCI 2020 Трка Датум Победник Втор Трет Тур Даун Андер 21–26 јануари Голема океанска друмска трка 2 февруари Трка ОАЕ 23-27 февруари Омлоп Хет Ниусблад 29 февруари Париз-Ница 8–14 март Страде Бјанке 1 август Трка околу Полска 5–9 август Милано-Санремо 8 август Критериум ди Дофине 12–16 август Џиро ди Ломбардија 15 август Класик Бретања 25 август Тур де Франс 29 август– 20 септември Тирено-Адријатико 7–14 септември БинкБенк Тур 29 септември – 3 октомври Флеш Валон 30 септември Џиро д’Италија 3–25 октомври Лиеж-Бастоњ-Лиеж 4 октомври Гент-Вевелгем 11 октомври Трка околу Фландрија 18 октомври Вуелта а Еспања 20 октомври – 8 ноември Три дена Брухе-Де Пане 21 октомври Откажани настани
Вкупно петнаесет настани не биле повторно закажани да се одржат во сезоната 2020 или пак биле целосно откажани. Стогодишната Волта а Каталуња (23–29 март), Трка околу Баскија (6–11 април), Тур де Романди (28 април – 3 мај), Тур де Свис (7–14 јуни), и Класика де Сан Себастијан (25 јули) биле откажани пред обновениот календар да биде објавен од UCI. По обновата на календарот во мај, Е3 БинкБенк Класик (27 март) и Класик Лондон-Сари (16 август) биле откажани; при обновата на календарот во јуни, Трката околу Франкфурт (првично закажана за 1 мај) и Дварс дор Вландерен (претходно презакажана за 14 октомври) биле исто така откажани. Во јули, ЈуроАјс Класик (првично закажана за 16 авгист, а потоа презакажана за 3 октомври), и двете канадски трки во Квебек и Монтреал (закажани за 11 и 13 септември) биле откажани.
По започнувањето со трките на 1 август, завршната трка во сезоната Трка околу Гуангси (првично закажана за периодот 15-20 октомври, а потоа закажана за 5-10 ноември) била откажана на 10 август. На 30 септември, дента откако холандските етапи биле отстранети од БинкБенк Тур, Амстел Голд Рејс (првично закажана за 19 април, а потоа презакажана за 10 октомври), била откажана по избувот на нови случаи од коронавирусот во Холандија. На 9 октомври, Париз-Рубе (првично закажана за 12 април, а потоа презакажана за 25 октомври) била откажана по растот на случаи на коронавирусот во Франција.
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Светска турнеја на UCI
Категорија:Друмскиот велосипедизам во 2020 година