Кори Хигинс (; роден на 14 јуни 1989, во Данвил, Калифорнија) е американски кошаркар, бек или крило на Барселона.
Кариера Хигинс ја започнал својата кариера на колеџ играјќи кошарка за Колорадо Бафалос на универзитет Колорадо, во периодот 2007-2011. Со 2,001 бод за Бафалос тој е изедначен со Ричард Роби како двајца најдобри стрелци на сите времиња на оваа екипа. Во 2011 година, Хигинс се пријавил на НБА драфтот, но не бил избран од ниту една екипа.
Потоа, истата година тој бил избран како 7-ми пик на драфтот на Развојната лига на НБА од Ири Бејхокс. Таму тој ја започнал својата професионална кариера, а многу брзо потоа тој сепак успеал да потпише НБА договор со екипата на Шарлот Бобкетс. Тој одиграл две сезони за Бобкетс, во кој забележал 44 натпревари со просек од 3,7 бода по натпревар. Откако Шарлот го отпуштил Хигинс повторно заиграл за Ири Бејхокс.BayHawks Acquire Higgins.
Првото европско искуство го имал во 2013 година кога потпишал за екипата на Триумф Љуберци. Со нив во сезоната 2013-2014 бил најдобар стрелец во ВТБ лигата. Во сезоната 2014-2015, настапувал за турскиот Газиантеп.
Во јули 2015, потпишал договор со екипата на ЦСКА Москва. По успешната сезона, ЦСКА ја искористила опцијата да го задржи Хигинс во клубот за уште една сезона. Вкупно за ЦСКА одиграл 4 сезони во периодот 2015-2019, и во тој период освоил две титули во Евролигата и четири во ВТБ Јунајтед лигата.
Во јули 2019, Хигинс потпишал тригодишен договор со шпанската Барселона.
Титули ЦСКА Москва Евролига : 2 2015-2016, 2018-2019
ВТБ Јунајтед лига : 4 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019
Наводи
Надворешни врски Кори Хигинс на fiba.com Кори Хигинс на draftexpress.com Кори Хигинс на eurobasket.com Кори Хигинс на euroleague.net
Категорија:Американски кошаркари Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Играчи на Шарлот Бобкетс Категорија:Играчи на КК ЦСКА Москва Категорија:Играчи на КК Барселона Категорија:Родени во 1989 година