Свети Илија — главна селска црква во охридското село Плаќе. Во црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта на Плаќе.

Местоположба

Црквата се наоѓа на едно возвишение, во југозападниот дел на селото.

Историја

Црквата била подигната во 1871 година.

Се верува дека некогаш на истото место на кое е подигната денешната градба имало постаро култно место. На западната страна на црквата можат да се забележат остатоци од градба, а во дворното место се наоѓаат стари средновековни гробови.

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна. Била градена со кршен камен и делкан бигор, а апсидата на црквата е полукружна. Во минатото била покриена со камени плочки. Материјалот за нејзината градба бил носен од месноста Сопот.

На северната страна од црквата е изградена трпезаријата.

Фрескоживопис

Црквата поседува фрескоживопис, за кој се претпоставува дека е насликан за време на изградбата на црквата.

Од овој живопис се останати само ликовите во олтарниот простор и во споредните ниши.

Иконостас

Во внатрешноста постои иконостас на кој се наоѓаат четири престолни икони, кои потекнуваат од 1872 година.

Галерија

Поврзано Плаќе Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Коселска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Плаќе Плаќе