Џовани Верга (италијански: Giovanni Verga; 1840 — 1922, Катанија, Италија) — италијански писател.
Животопис Детството и раната младост Верга ги поминал на родниот остров.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 235.
Творештво Верга започнал да пишува уште додека живеел во Катанија, кога ги објавил „Карбонари од планините“, „Љубовта и татковината“ и „На лагуните“. По преселбата во Фиренца, каде се дружел со Лујџи Капуано, тој ја развил теоријата на веризмот чиј основен постулат е дека обичниот настан треба да се раскаже сам по себе и да дејствува сам од себе, а писателот треба што повеќе да се оддалечи од него. Во своите дела, Верга реалистично го слика сицилијанскиот живот. Негови поважни книги се: „Љубовницата на Грамињи“ и „Живот во полињата“, „Семејството Малавоља“, „Мајсторот Дон Џезуладо“, „Селски раскази“ и „По улиците“.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 235-236.
Наводи
Категорија:Италијански писатели Категорија:Родени во 1840 година Категорија:Починати во 1922 година