Аријан Адеми (); (роден на во ) — македонски фудбалер роден во Хрватска, играч од средниот ред на Динамо Загреб и на македонската репрезентација.
Адеми ја започнал својата кариера во екипата на Шибеник за која дебитирал во март 2008 година, на само 16 години. Во јуни 2010 направил трансфер во Динамо Загреб, клуб за кој настапува и денес.
На репрезентативно ниво Адеми ги поминал речиси сите младински селекции на Хрватска почнувајќи од селекцијата под 18 години, па под 19, под 20 и под 21 година. Тој забележал три настапи и за сениорската репрезентација на Хрватска во 2013 година, меѓутоа поради фактот што сите три натпревари биле пријателски и од неофицијален карактер, му било дозволено да ја смени репрезентацијата и да заигра за Македонија за која дебитирал на 9 октомври 2014 против Луксембург во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2016.
Животопис Адеми има македонско-албанско потекло и тој е братучед на македонскиот фудбалер и поранешен репрезентативец Агим Ибраими.
Титули Динамо Загреб Прва ХНЛ : 7 2010–2011, 2011–2012, 2012–2013, 2013–2014, 2014–2015, 2017–2018, 2018–2019 Куп на Хрватска : 4 2010–2011, 2011–2012, 2014–2015, 2017–2018 Суперкуп на Хрватска : 2 2013, 2019
Наводи
Надворешни врски
Аријан Адеми на soccerway Аријан Адеми на transfermakt
Категорија:Живи луѓе Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Загреб