Михаел Рико Ланг (роден на 8 февруари 1991) — швајцарски фудбалер, играч од одбраната на , на заем од Борусија Менхенгладбах, и на швајцарската репрезентација.
Клупска кариера Санкт Гален и Грасхопер Ланг ја започна својата професионална кариера во екипата на Санкт Гален во Швајцарската Супер лига. Во мај 2007 на возраст од само 16 години, тој го направил своето деби за првиот тим на Санкт Гален во првенствен натпревар против Арау кој завршил нерешено 1-1, со што станал еден од најмладите дебитанти во швајцаркото првенство. Во сезоната 2009-2010 во која Санкт Гален се вратил во Швајцарската Супер лига по една сезона отсутсво, Ланг успеал да се утврди во првиот тим зелено-белите и останал незаменлив стартер во текот на оваа и на следната сезона. Вкупно за Санкт Гален одриграл 74 натпревари и постиганал 5 гола.
Во летото 2011, Ланг потпишал четиригодишен договор со екипата на Грасхопер. Своето деби за новиот клуб го направил на 27 август 2011, во поразот на домашен терен со 0-1 од Луцерн. Во сезоната 2012-2013 го освоил Купот на Швајцарија, негов прв трофеј во кариерата, откако скакулците го победиле Базел во финалето со 5-4 на пенали; Ланг го одиграл целиот натпревар во финалето и бил единствениот изведувач на пенал на Грасхопер кој промашил, но за негова среќа тоа не се рефлектирало на крајниот исход на натпреварот. Во сезоната 2014-2015 - неговата последна во клубот од Цирих - Ланг постигнал 5 гола за Грасхопер во лигата и пропуштил само еден лигашки натпревар поради суспензија, а во вториот дел од сезоната станал и капитен на клубот поради повредата на главниот капитен Даниел Павловиќ. Вкупно за Грасхопер одиграл 152 натпревари и постигнал 14 гола.
Базел На 1 јуни 2015, Ланг како слободен играч му се приклучил на тогашниот актуелен швајцарски шампион Базел. Своето деби за Базел го направил на 19 јули 2015 во натпреварот против Вадуц во лигата во победата со 2–0. Својот прв гол за новиот клуб го постигнал само една недела подоцна, на 25 јули, за време на гостувањето против неговиот поранешен клуб Грасхопер. Тоа бил последниот гол во натпреварот со кој Базел победил со 3-2. Под водство на тренерот Урс Фишер Ланг го освоил швајцарското првенство на крајот на сезоната 2015-2016 и повторно на крајот на сезоната 2016-2017. Во втората сезона тие го освоиле и Купот на Швајцарија, што била шестата двојна круна за Базел во историјата на клубот.
Во текот на сезоната 2017-2018, Ланг го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 5-0 над во групата на домашен терен на 27 септември 2017. Потоа, исто така во групната фаза, на 22 ноември тој го постигнал единствениот гол во 89-тата минута од натпреварот против со кој Базел го победил славниот англиски клуб со 1-0 на Сент Јакоб Парк. Само три дена подоцна на 25 ноември 2017, постигнал два гола во победата со 4-1 на гостувањето кај Луцерн во првенството, а истото го повторил и четири дена подоцна против истиот противник во Купот на Швајцарија во победата со 2-1 на домашен терен. Ланг постигнал гол и во нокаут-фазата од Лигата на шампионите против Манчестер Сити во победата на Базел со 2-1 на Етихад. Иако Ланг на личен план имал одлична сезона во која на 44 настапи постигнал 10 гола во сите натпреварувања, Базел не успеал да ја одбрани титулата во првенството по осум освоени титули по ред завршиле како втори зад Јанг Бојс а од истиот противник биле елиминирани и во полуфиналето на купот.
Борусија Менхенгладбах и Вердер Бремен Во јуни 2018, Ланг потпишал четиригодишен договор со германската во трансфер вреден 2.8 милиони евра кој му биле платени на Базел. Дебитирал во Бундеслигата во шестото коло во натпреварот -Борусија Менхенгладбах (2-2) играјќи од почетокот до 73-тата минута кога бил заменет. Својот прв гол за Борусија го постигнал во победата со 4-1 над Хановер 96 во лигата. Својата прва сезона во дресот на Борусија Менхенгладбах ја завршил со 18 настапи и 1 гол.
На 29 август 2019, Ланг му се приуклучил на на заем до крајот на сезоната со опција за откуп.
Репрезентативна кариера Своето сениорско деби за Швајцарија Ланг го направил на 14 август 2013 во пријателски натпревар против Бразил; тој влегол како замена во второто полувреме на местото на Стефан Лихтштајнер во натпреварот во кој швајцарците го победиле петкратниот светски првак со 1-0 на Сент Јакоб Парк. Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал веќе во својот втор настап на 11 октомври во победата со 2–1 над Албанија во Квалификациите за Светското првенство 2014. Оваа победа и обезбедила место на Швајцарија на завршниот турнир на Светското првенство 2014 во Бразил.
Во мај 2014 Ланг бил повикан од селектрот Отмар Хицфелд во составот од 23 играчи за турнирот. Својот прв и единствен настап на Светското првенство 2014, Ланг го имал во последниот натпревар на Швајцарија во групната фаза против Хондурас, влегувајќи во игра на 13 минути до крајот. Швајцарија го завршила својот настап на турнирот во осминафиналето каде биле поразени од Аргентина.
Тој бил вклучен во составот на Швајцарија и за следното Светско првенство 2018 во Русија.https://www.washingtonpost.com/amphtml/sports/dcunited/switzerland-opts-for-experience-in-world-cup-squad/2018/06/04/86572ee2-680a-11e8-a335-c4503d041eaf_story.html Ланг добил црвен картон во поразот со 1–0 од Шведска во осминафиналето што значел крај на турнирот за Швајцарија.
Хронологија на репрезентативните настапи
Титули Грасхопер Куп на Швајцарија : 1 2016-2017
Базел Швајцарско првенство : 2 2015–2016, 2016–2017 Куп на Швајцарија : 1 2016-2017
Наводи
Надворешни врски
Михаел Ланг на soccerway Михаел Ланг на transfermakt Михаел Ланг на whoscored Михаел Ланг на espn
Категорија:Швајцарски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Санкт Гален Категорија:Фудбалери на ФК Грасхопер Категорија:Фудбалери на ФК Базел Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Менхенгладбах Категорија:Фудбалери на ФК Вердер Бремен Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1991 година