CATH базата на податоци за структурна класификација на белковините е бесплатен, јавно достапен онлајн ресурс кој дава информации за еволутивните односи на белковинските домени. Оваа база на податоци била создадена во средината на 1990-тите години од страна на професор Кристин Орегно и соработниците, вклучувајќи ги Џенет Торнтон и Дејвид Џоунс, а продолжува да биде развивана од страна на групата на Орегно при Лондонскиот универзитетски колеџ. CATH има многу сличности со SCOP базата на податоци, сепак постојат многу области во кои деталната класификација драстично се разликува меѓу нив.

Хиерархиска организација Експериментално-добиените тридимензионални структури на белковините се земаат од PDB (Protein Data Bank). Потоа се идентификуваат белковинските домени во рамките на еден полипептиден синџир со користење на комбинација од автоматизирани методи и мануелна инспекција.

Домените потоа се класифицираат во рамките на CATH структурната хиерархија: на нивото на класа (C), домените се класифицираат според нивната содржина на елементите на вторичната структура во групите исклучиво-алфа, исклучиво-бета, мешавина од алфа и бета и мала содржина на вторична структура; на нивото на архитектурата (A), домените се класифицираат според аранжманот на вторичните структури во тридимензионален простор; на нивото на топологија/склоп (T), се користат информациите за тоа како елементите на вторичната структура се поврзани и организирани; на нивото на хомологно натсемејство (H), домените се класифицираат ако постои добар доказ дека се еволутивно сродни, т.е. хомологни. +Четирите главни нивоа на CATH хиерархијата:#НивоОпис1КласаСевкупната содржина на вторични структури на доменот (Еквивалентно на нивото Класа во SCOP)2АрхитектураГолема структурна сличност, но нема докази за хомологија (Еквивалентно на нивото Склоп во SCOP)3Топологија/склопГрупирање на топологии кои споделуваат одредени структурни одлики4Хомологно натсемејствоПоседуваат докажана еволутивна сродност (Еквивалентно на нивото Натсемејство во SCOP)

Објавувања Тимот на CATH има за цел да обезбеди официјални објавувања на CATH класификацијата на секои 12 месеци.

Најновата верзија на CATH-Gene3D (v4.1), била објавена во јули 2016 година и се состои од:

308,999 структурни белковински домени 53,479,436 не-структурни белковински домени 2,737 хомологни натсемејства 92,882 функционални фамилии

Наводи

Категорија:Бази на биолошки податоци Категорија:Системи на класификација Категорија:Класификација на белковините Категорија:Белковински склопови Категорија:Структура на белковините