Модричка Река — река во Југозападна Македонија и лева притока на Црн Дрим.

Течение Реката е образувана од повеќе извори под врвот Радуч на планината Јабланица, кои лежат на надморска височина од 1.400 до 1.560 м. По своето течение, реката поминува низ селото Модрич по кое го добила името, а потоа продолжува да се спушта до вливот во реката Црн Дрим од нејзината лева страна.

Хидрографија Реката е долга 6 км, а вкупната површина на речниот слив изнесува 18,3 км2.

Галерија

Поврзано Јабланица Радуч Модрич Црн Дрим

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јабланица Категорија:Модрич Категорија:Реки во Македонија