Планинарски дом „Горна Белица“ — планинарски дом во Македонија, сместен на надморска височина од 1.330 метри, во дримколското село Горна Белица.

Местоположба

Планинарскиот дом е сместен во самото село Горна Белица, оддалечено 15 километри од градот Струга и од Охридското Езеро. Од градот Охрид е оддалечено 30 километри.

Опременост

Во минатото, планинарскиот дом бил опремен со 20, додека денес има 10 опремени апартмани и капацитет за 30 лица.

Како стопан на домот се јавува Ламбе Балкоски.

Наводи

Категорија:Планинарски домови во Македонија Категорија:Горна Белица