Белград — населба, храм и некропола од римското време во селото Долни Дисан.
На 3,5-4 километри западно од селото, при обработувањето на земјата се откриени фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. На лозовите површини на агрокомбинатот „Тиквеш“ од Кавадарци, парцела 25А, со длабоко орање е откриено и делумно оштетена некропола што се простира на површина долга 80-100 метри и широка 40 метри. Во средиштето на парцелата се извадени тегули од гробови „на две води“, како и десетина надгробни споменици се работи за гробови со кремирани покојници од I до IV век. Понастрана од нив се извадени плочи од гробови од типот Циста. Што се однесува до населбата, таа се наоѓала на малите височинки околу јужниот раб на плантажите.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Неготино Категорија:Долни Дисан