Бела Река или Белица — река во Јужна Македонија и десна притока на Црна Река.

Течение Реката извира во месноста Бело Гротло на планината Ниџе, на надморска височина од 1.610 м, а во Црна Река се влева на надморска височина од 500 м. Течението на реката е во правец северозапад до селото Будимирци, а потоа го менува правецот во југозапад сè до вливот во Црна Река. Нејзината долина е клисуреста, а на места има кањонски изглед.

Хидрографија Вкупната должина на реката изнесува 16 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 119 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1.610 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 500 м, така што релативниот пад изнесува 69,4‰.

Галерија

Поврзано Трновчица Црна Река

Наводи

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Слив на Црна Река Категорија:Ниџе Категорија:Будимирци Категорија:Мариово Категорија:Географија на Битола