Мурат Јилдирим (турски: Murat Yıldırım, 13 април 1979) — турски глумец.
Животопис Мурат Јилдирим е роден во Конија, Турција. Неговиот татко е со курдско потекло и учител по литература. Таткото на Мурат зборува турски и курдски. Неговата мајка е од арапско потекло и зборува турски и арапски јазик, но Мурат не зборува курдски ни арапски јазик. Поради работата на неговиот татко Мурат израснале на релација Конија и Адана. Тој има две сестри.
Тој дипломирал машинството на Технички факултет Јилдиз во Истанбул, Турција, и тој има силен интерес за математиката. Неговиот интерес за музиката и театарот се појавил многу рано во неговиот живот. Како студент, Јилдирим свирел на тапани во бенд. За време на неговото студирање, тој, исто така, започнал со дејствување во театарскиот универзитетски тим и посетувал на часови по глума.
Тој е познат по сериите: "Аси", каде игра со познатиот турски глумец Четин Текиндор, "Љубов и казна, и "Азиз".
Личен живот Јилдирим се сретнал со неговата прва сопруга, Бурчин Терзиоглу, додека ја снимал на ТВ серијата Fitrina. Тие биле во брак од 2008 година до 2014 година. Тој се оженил со Иман Елбани, поранешен модел, на 25 декември 2016 година.
Филмографија Година Назив Улога 2004 Болни лаги Окан 2007-2009 Аси Демир Доган 2010-2011 Љубов и казна Саваш Балдар 2012 Тишина Сериф 2016 Мирисот на љубовта Картал 2020-2021 Рамо 2021-2022 Азиз Азиз Пајидар 2022-2024 Организација Омер Атмача 2024 Тајна градина Демир
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Турски глумци