Терујуки Оказаки (јап. 岡崎 照幸; 1931) мајстор на шотокан карате 9-ти дан, е основач, претседател и главен инструктрор на Меѓународната Шотокан Карате Федерација (ISKF), кој работи под Јапанската Карате Асоцијација(ЈКА).

Заедно со Фунакоши Гичин и Масатоши Најакама бил основач на ЈКА инструкторскиот тренинг програм. Оказаки објавил книга за своето ускуство именувано Совршенство на Каратето.

Животопис

Терујуки Оказаки е роден во префектурата Фукуока во Јапонија. Како млад, тренирал џудо, кендо и аикидо. Во 1948 година, со шеснаесет години се запишал на Универзитетот Такушоку . Тука почнал да тренира карате. Тренирал со учителот Фунакоши Гичин ( основач на Шотокан ) како и Масатоши Накајама. Дипломирал во 1953 година и одма станал тренер на Такашуковиот тим. Истата година, одлучено е да се испроба инструкторски тренинг програм врз Оказаки. Во 1955 година поставен е за водич на програмот, кој ги произвел некои од најинтегралните шотоканови водачи. Такајуки Миками, Такаура Еији и Хироказу Каназава биле едни од првите учесници на овој програм. Како обид на Накајама да го прошири Шотокан каратето меѓународно, Оказаки отишол во САД во 1961 година, прво планирајќи да остане шест месеци, но тогаш го отворил неговиот „доџо“ во Филаделфија и се вселил таму за постојано.Philadelphia Shotokan Karate Club Во 1977 година Оказаки ја основал Меѓународната Шотокан Карате Федерација (ISKF).

Наводи

Надворешни врски Профил на Оказаки Совршенство на карактерот

Статија во Masters Magazine

Категорија:Јапонски каратисти Категорија:Починати во 2020 година Категорија:Родени во 1931 година