Борис Грегорка (словенечки: Boris Gregorka; Брежице, 2 август 1906 - Љубљана 19 март 2001) бил југословенски гимнастичар, со словенечко потекло. Тој бил репрезентативец, тренер, водич и меѓународен судија во спортската гимнастика.

Учесник е во Летните олимписки игри во 1928 година во Амстердам и 1936 година во Берлин и Светските првенства во 1930 во Луксемург и Светските првенства во 1938 во Прага.

После Втората светска војна бил војник и водич на гимнастичките репрезентации на Словенија и Југославија на поважни натпревари до Олимписките игри во 1964 година во Токио. Неговиот најголем тренерски успех е освојувањето на титулата на светски, олимписки и европски првак на неговиот ученик Мирослав Церар.

Во 1970 година примил одликување на Светската гимнастичка ферерација (ФИГ) (франц. Fédération Internationale de Gymnastique Reconnaissante). Со останатите признавања и одликувања, во 1967 година доделена му е Блоудековата награда на Сојузот за физичката култура на Словенија.

Наводи

Категорија:Југословенски гимнастичари Категорија:Југословенски спортисти Категорија:Починати во 2001 година Категорија:Родени во 1906 година Категорија:Југословенски Словенци Категорија:Австроунгарски Словенци