Александар Урдаревски, познат како Станко или Санде, ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист и учесник во НОБ. Прогласен е посмртно за народен херој во 1951 година. Неговото родно село е именувано „Чучер-Сандево“ по него. лево|мини|Споменик на Александар Урдаревски лево|мини|Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Александар Урдаревски
Животопис По завршувањето на основното образование во Скопје, завршил средно земјоделско училиште во Неготин и студирал на Земјоделскиот факултет во Белград. Во 1938 година станал член на СКОЈ, а во 1939 година на КПЈ. мини|Спомен-куќа на Александар Урдаревски 2
Учество во НОБ По капитулацијата на Југославија во Втората светска војна ги прекинува студиите и се враќа во Скопје. Се поврзал со организацијата на КПЈ во Скопје и работел на организирањето на народно-ослободителното движење во Скопско. Во август 1941 година заминува во Првиот скопски партизански одред. Во 1942 година се бори во Вториот скопски партизански одред, каде што е заменик-командант и командант. Во 1943 командува со Скопско-косовскиот партизански одред. Убиен е во битка со италијанско-албанските чети.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1533..
За народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 397
Поврзано
Санде Урдаревски Никола Урдаревски Живко Урдаревски Стоилко Урдаревски Трипун Урдаревски Стојан Урдаревски Неделко Урдаревски Благоја Урдаревски Љубе Урдаревски Младен Урдаревски Перо Урдаревски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски комунисти Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Втор скопски партизански одред Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија